За компанијата: Skopje City Mall е првиот современ трговски центар во Македонија со потполно нов концепт кој ги обединува шопингот, забавата и дружењето. Како најголем центар од ваков карактер во регионот, Skopje City...
повеќе за компанијата »СЦМ РЕТАИЛ ДООЕЛ Скопје (Skopje City Mall) објавува конкурс за следното работно место:
РАБОТНИК НА ИНФОРМАЦИСКИ ПУЛТ
Ве покануваме да станете дел од нашиот тим.
Локација: ул. Љубљанска бр. 4, Скопје Сити Мол
Потребни квалификации:
- ВСС/ССС
- Почетно ниво на познавање на компјутерски вештини и Microsoft Office програмите
- Познавање на англиски јазик
- Позитивен и ведар пристап, одлични комуникациски способности, совесност и одговорност во извршување на работните активности.
Одговорности и работни задачи:
- Водење на општи административни работи на пулт
- Комуникација со посетители за нивните потреби и укажување на помош
- Способност за работење во брза и динамична средина, брз одговор за интервенција на инфо и паркинг
- Работа во смени по 8 часа, 40 часа неделно
Личен профил:
- Организациски вештини и способност за одредување приоритет
- Одлични комуникациски и презентациски вештини
- Професионален и позитивен однос
- Љубезност и учтивост
- Способност за самостојна и тимска работа, и работа под притисок
Извршувањето на работните задачи се вршат од инфо пултот кој е лоциран на влезот од ул. Манапо на приземје. Интервенциите, одржувањето и други работи поврзани со паркингот се вршат на паркоматите поставени на секој излез од трговскиот центар.
Вашето резиме испратете го на [најави се за да го видиш е-маилот]
Слични огласи »