Бела С.Д. лого

Менаџер на малопродажен објект

  • Објавен на 3.2020
  • Бела С.Д.
  • Активен до 19.03.2020
  • Позиција: Персонал во продавница/Касиер
  • Локација: Скопје

(преземи го огласот во Word)

Гуевара д.о.о. е основана во далечната 2003 година, а моментално успешно работи на пазарите во регионот. Застапувајќи го познатото мото и АТВ бренд ЦФМОТО, правиме се на своите клиенти да им дадеме прилика во секојдневниот живот да внесат дополнително ниво на авантура и забава.

 

Дали сакате да се придружите на семејството ЦФМОТО? Ова би можело да биде Ваша прилика, бидејќи во рамките на проширување на своето работење доаѓаме на подрачјето на Северна Македонија со фирмата БЕЛА С.Д и бараме нов член на тимот на работно место:

 

Менаџер на малопродажен објект

Од Вас очекуваме:

  • Водење на малопродажниот објект во согласност со законот и прописите;
  • Планирање и организација на работата на целокупниот објект и општи административни работи;
  • Активно учество во продажбата, одговорност за промет и реализација на планот на продажба;
  • Прием, подготовка и презентација на артикли од продажното портфолио;
  • Организација на работното време, поттикнување и мотивирање на вработените;
  • Грижа за купувачите – советување на купувачите и решавање рекламации;
  • Изработка на пресметки, комерцијални понуди и издавање фактури;
  • Водење сметка за набавка на стока и пропратна документација;
  • Соработка со добавувачите, сервисите и кооперантите;
  • Управувње и одржување оптимални количини на залихи;
  • Аналитичко следење на продажбата и ефикасно управување со продажниот асортиман;
  • Почитување и спроведување на стандарди и процедури кои се дел од деловната политика на компанијата;
  • Известување на претпоставените за резултатите од работата.

 

За да бидете квалификувани за работата, неопходно е да:

  • имате најмалку 2 години работно искуство во продажба, на исто или слично работно место;
  • Ве интересира светот на мотоцикли, АТВ или други 4x4 возила;
  • имате одговорен и професионален пристап кон работата;
  • сте вешти во координација на голем број активности;
  • имате висок степен на самоиницијатива и проактивност;
  • сте самостојни во работата и да поседувате способност за тимска работа;
  • имате познавање за работа на компјутер – пакет MS Office;
  • можете да комуницирате на англиски јазик;
  • сте активен возач со дозвола за управување со возила  од „Б“ категорија.

 

Ние Ви нудиме:

  • Одговорна, интересна и динамична работа;
  • Можност да бидете важен дел од компанијата која има постојан раст и долгорочна перспектива;
  • Професионално усовршуање и поддршка за развој на Вашата кариера;
  • Пријатна работна атмосфера и посветен тим;
  • Стимулативна заработка.

Доколку Вашиот профил одговара на описот од овој конкурс, својата пријава во форма на биографија, испратете ја на нашиот маил [најави се за да го видиш е-маилот] и за дополнителни информации на тел 070 977 572

Сите пријави ќе бидат обработени, а кандидатите  кои според нашето мислење на најдобар начин ги задоволуваат условите од конкурост, ќе ги контактираме во многу краток рок.

Слични огласи »

вести · настани · интервјуа · технологија · hr вести · забава · здравје · hr совети · блог
барај огласи за вработување »