
За компанијата: Предизвиците во областа на човечките ресурси не се само наша секојдневна работа, туку се и наша страст. Нашето знаење и експертиза ни дозволуваат да имаме уникатен пристап кон секоја задача. Нашите клиенти...
повеќе за компанијата »Во име на нашиот клиент MBE MAIL BOXES ETC Северна Македонија, водечка глобална компанија во областа на логистички и маркетинг решенија за потребите на малите и средни бизниси, со повеќе од 3.150 центри во 52 земји во светот, ДЕКРА ја огласува позиција:
ОПИС НА РАБОТНО МЕСТО:
- Учествува и надгледува активности поврзани со тековната продажба на продавници со цел да се осигура дека се исполнети целите на продажбата;
- Го следи обезбедувањето на асортиманот, навременото товарење и уредување, правилната ознака и етикетирање, соодветната комерцијална форма и соодветноста на понудените стоки;
- Ги консултира клиентите при изборот на соодветна услуга и/или производ, подготвува понуди;
- Го следи статусот на понудите, подготвува нарачки за соодветни услуги;
- Им помага на клиентите во продавницата при изборот на пакувањето на соодветните производи;
- Редовно ги следи промените на цените и поврзаните стоки и услуги со цел обезбедување точни и ажурирани информации за клиентите;
- Го контролира полнењето на полиците со соодветните ставки;
- Ја комплетира потребната документација, подготвува предефинирани извештаи;
- Учествува во спроведување на пописи;
- Ги упатува вработените во продажниот салон и учествува во нивната обука за презентација и нудење на услугите;
- Учествува во организирање и реализација на промотивни акции и демонстрации на територијата на трговскиот објект и неговата близина;
- Учествува на обуките и настаните што ги спроведува компанијата.
ПОТРЕБНИ КВАЛИФИКАЦИИ:
- Завршено средно или високо образование;
- Минимум 1 годинa работно искуство;
- Познавање на англиски јазик;
- Основно познавање на Microsoft Office и Excel;
- Организациски способности;
- Мотивирана, амбициозна и стабилна личност.
ДОПОЛНИТЕЛНИ ИНФОРМАЦИИ
Кандидатите кои ги исполнуваат горенаведените услови своите професионални биографии можат да ги испратат на: [најави се за да го видиш е-маилот] .
Ќе бидат контактирани само оние кандидати кои ќе влезат во потесен избор.
Сите пристигнати биографии ќе се третираат со максимална доверливост.
*Со испраќањето на Вашата кратка биографија и писмо за мотивација, Согласни сте Вашите лични податоци да бидат обработени за потребите на регрутација и селекција од страна на ДЕКРА Арбеит Македонија и истите да бидат зачувани во дата базата на ДЕКРА.
Напомена: Кандидатите можат во секое време да ја повлечат согласноста за обработка на нивната кратка биографија преку испраќање на известување на електронската пошта: [најави се за да го видиш е-маилот]
Слични огласи »