За компанијата: Главна цел на нашата компанија е да им овозможиме на нашите клиенти висококвалитетни услуги од областа на сметководството, и притоа да изградиме репутација на компанија која посветува посебно внимание...
повеќе за компанијата »Работни задачи и одговорности:
- Сметководствена евиденција и известување во врска со побарувања, обврски и парични текови;
- Водење сметководствена евиденција на приходи и трошоци;
- Усогласувања на салдата од главната книга, аналитичките картички, добавувачите и купувачите;
- Директна комуникација и известување на клиентите;
- Подготовка на сметководствени и финансиски извештаи согласно потребите на клиентите;
- Подготовка на пресметка за плата;
- Подготовка и поднесување на даночни пријави;
- Подготовка на декларации за пресметка на персонален данок преку системот на е-ПДД;
- Асистирање при подготовка на завршна сметка.
Образование, искуство, вештини
- ВСС од економска област;
- Уверение за сметководител (уверение за овластен сметководител ќе се смета за предност);
- Работно искуство од минимум 2 години на слична позиција;
- Познавање на законски регулативи и МСФИ (Меѓународни Стандарди за Финансиско Известување);
- Напредно познавање на Microsoft Office апликации;
- Напредно познавање на англиски јазик ќе се смета за значителна предност;
- Силни аналитички вештини и способност за решавање на проблеми;
- Развиени комуникациски вештини и способност за работа во тим, желба за личен развој и пристап кон работата со чувство на лична одговорност кон превземените задачи;
Сите заинтересирани кандидати, својата Професионална Биографија можат да ја достават на следната e-mail адреса: [најави се за да го видиш е-маилот] со назнака за "Овластен Сметководител или Сметководител”