За компанијата: Триглав Осигурување АД, Скопје, лидер на пазарот на неживотно осигурување и дел од најголемата осигурителна и финансиска групација во регионот Адриа, со повеќе од 5 000 вработени. Како Групација, фокусирани...
повеќе за компанијата »Како Групација, фокусирани сме на креирање на исклучително корисничко искуство за сите инволвирани страни, вклучувајќи ги и вработените. Развиваме организација со разбирање за тековните трендови и социјални аспекти, во кои што ги интегрираме предностите, стекнати со долгогодишната традиција. Спремно се вклучуваме и ги поддржуваме решенијата на предизвиците на денешницата, со кои што како општество се соочуваме и градиме кооперативна и агилна култура, со посебен акцент на континуиран развој, надградба и усовршување на вработените, кои се нашата движечка сила.
Нудиме динамична работа, во индустрија, која што во светски рамки забрзано се развива во технолошка смисла и нуди одлични предизвици и потенцијал. Ќе работите во интернационална околина, со можност за континуиран личен и стручен развој, постојано стручно усовршување преку учество на специјализирани курсеви за надградување на знаењето и споделување на добри пракси во рамки на групацијата. Ќе имате можност за работа со современи технологии и непрекинато стекнување нови знаења, како и континуирана соработка на проекти во интернационална околина.
Работното место е со флексибилно работно време и можност за хибриден модел на работа.
ОДГОВОРНОСТИ НА РАБОТНОТО МЕСТО:
- Управување и унапредување на системската инфраструктура;
- Дијагностика на проблеми и изнаоѓање решенија за системската инфраструктура;
- Поддршка за крајните корисници на информацискиот систем;
- Учество и водење на проекти од областа на ИКТ во Друштвото и Групацијата Триглав;
- Пренос на знаење и добри пракси во организациската единица, Друштвото и Групација Триглав.
МЕСТО НА РАБОТА:
Седиштето на Друштвото
БАРАЊА ЗА РАБОТНОТО МЕСТО:
Солидно познавање на MS Windows системски сервиси и технологии;
Напредно познавање на MS Windows клиентски технологии;
Познавање на платформи за виртуелизација;
Солидно познавање на MS SQL Server;
Искуство во имплементација на проекти.
Природата на работното место и на работните задачи подразбира активно познавање на англискиот јазик, како и самоиницијативност, проактивност, прецизност, желба за континуирано надградување и развој.
Доколку сте заинтересирани за предметната работна позиција, може да аплицирате преку линкот во прилог:
http://triglav.force.com/pdm/OJP_ExtViewOJPSLO?k=6mz&id=a0NTX000004p7A1
Поврзани огласи »