СМЕТКОВОДИТЕЛ

За компанијата: Од 1994 година ДУНА е водечка команија присутна во бизнис секојдневието во Македонија. Со канцеларии и во Албанија и Србија. Со успешни проекти и во Косово. Посветено работиме на нашата мисија која започна... повеќе за компанијата »

Дуна е компанија која веќе трета деценија неуморно работи во три држави, Македонија, Албанија и Србија и креира решенија кои будат интерес на светските пазари. Дуна е ветер во едрата на бизнисот, а нејзините вработени се оние кои го движат тој ветер напред во нови успеси. Овој септември Дуна ќе ги отвори вратите за нови луѓе кои со своите идеи, работа, посветеност и енергија ќе стане дел од таа движечка сила.  Бараме динамични, лојални, енергични и вредни луѓе кои имаат желба постојано да учат, создаваат и нивниот просперитет го гледаат како дел од  адреналинската приказната во Дуна за работна позиција Сметководител.

Сметководителот во ДУНА работи како дел од динамичен тим. Tим кој заедно плови низ многу предизвици и победи. Обезбедени му се врвни услови за работа и има можност за постојан личен и професионален развој и напредок.

Улога:

Сметководителот  во Дуна секојдневно книжи изводи, следи старост на побарувања, врши наплата на побарувања и води евденција за истото, сложува на аналитички картички со коминтенти, врши дневна контрола на излезни фактури, изготвува предлог компензации и цесии, дава предлог за опомени пред тужба и тужби, ги извршува сите потребни асистенции во сметководство. Со своето знаење и искуство допринесува и дава совети од областа и во останатите сектори во компанијата.

Одговорности:

  • Одговорен е за навремено искнижени изводи;
  • Одговорен е сите излезни фактури да се навремено пратени и евидентирани кај коминтентите;
  • Одговорен за прикажување на реални состојби на аналитичките картички;
  • Одгорен за навремени извештаи за сметководтвената работа која ја врши.

Активности:

  • Секојдневно следење на старост на побарувања;
  • Секојдневно книжење на сите изводи;
  • Секојдневни јавувања на коминтенти спрема кои Дуна има побарувања;
  • Секојдневна контрола на изработените излезни документи и барање потврда за прием на истите кај коминтентите;
  • Сложување на евиденциите помеѓу Дуна и коминтентите;
  • Изработка на предлог компензации и цесии
  • Дава предлог до одговорниот менаџер за опомени пред тужба и тужби.

Потребни комемпетенции

  • Диплома од соодветна образовна институција (Економски факултет)
  • Уверение за сметководител
  • Три годишно работно искуство во областа на материјално и финансово сметководсво
  • Познавање на Microsoft office: world, excel и PowerPoint
  • Врвни комуникациски вештини
  • Познавање на англиски јазик
  • Одговорна личност насочена кон постигнување на  врвни резулатати.

 

Испратете ни ваше CV на [најави се за да го видиш е-маилот] со назнака CV – сметководител најдоцна.

Сакаш да те препорачаме кај компаниите?

барај огласи за вработување » барај останати огласи »