Администратор

За компанијата: KARIERA.mk е веб сервис кој произлезе како синергија на тимови со 10 годишно искуство во областа на вработувањето и во областа на модерните ИТ решенија. KARIERA.mk нуди преглед на актуелните огласи... повеќе за компанијата »

КАРИЕРА.мк го проширува својот тим и има потреба од администратор на социјални медиуми и однос со клиенти. Оваа позиција би била совршена за некој што обрнува внимание на деталите, сака да работи во брза атмосфера и секогаш е расположен за нови предизвици!

Работни задачи:

  • Техничка поддршка со постоечки клиенти на KARIERA.mk на телефон и емаил
  • Спроведување на веќе одобрен маркетинг план
  • Создавање / пишување и креирање на содржини за социјални медиуми (би било одлично доколку имате познавање на алатките за рекламирање и кампањи на FB/Instagram/Linkedin)
  • Развивање на нови креативни маркетинг кампањи (со поддршка од страна на цел тим

Квалификации:

  • Вреден, самоиницијативен, креативен и посветен 
  • Работно искуство со социјални медиуми и однос со клиенти од барем 1 година
  • Одлично познавање на македонски и англиски јазик (пишување и граматика)
  • Основно познавање на Facebook, Instagram и LinkedIn рекламирање
  • Основно познавање на Canva и чувство за графички дизајн/естетика
  • Добар time managment
  • Тимски играч секогаш позитивно расположен 

Работни бенефиции:

  • Работно време од 8-16h, 40 часови неделно од понедленик до петок со слободни викенди
  • Сигурни, редовни и конкурентни месечни примања
  • Здрава и позитивна работна атмосфера во млад тим
  • Учење на нови маркетинг, аналитички алатки и обуки
  • Работа со искусни професионалци во брза и иновативна околина
  • Работа на портфолио на најголемите и најуспешни компании во државата
  • Можност за напредување

Доколку ова ти звучи интересно, аплицирај на копчето, АПЛИЦИРАЈ!
 

Сакаш да те препорачаме кај компаниите?

барај огласи за вработување » барај останати огласи »