Администратор во канцеларија за студентско сметководство

За компанијата: Со 7 факултети, повеќе од 40 програми за додипломски, магистерски и докторски студии и школа за англиски јазик, Меѓународниот балкански универзитет започнува со иновативни и современи пристапи во образованието засновани на универзални вредности. повеќе за компанијата »

 

ОГЛАС ЗА ВРАБОТУВАЊЕ

Позиција:

АДМИНИСТРАТОР ВО КАНЦЕЛАРИЈА ЗА СТУДЕНТСКО СМЕТКОВОДСТВО

 

Меѓународниот Балкански Универзитет има потреба од 1 (еден) Администратор во Канцеларија за Студентско Сметководство.

Главни одговорности:

  • Материјално книговодство
  • Евиденција на влезни фактури во деловодник
  • Прием на влезни фактури
  • Книжење книжни одобренија и задолжувања
  • Контрола, корекција и книжење на внатрешен трансфер
  • Книжење на изводи денарски и девизни
  • Благајничко работење, контрола и анализа врз благајничкото работењe
  • Подготовка на документација за компензација, асигнација, цесија и др.
  • Евиденција на основни средства, ставање во употреба и пресметка амортизација
  • Следење на законските прописи и примена на истите
  • Контролирање на состојбата на роба
  • Следење на производствени документи и книжење на истите

Потребни квалификации:

  • Завршено високо образование од областа на економски науки
  • Работно искуство од најмалку 2 години во вршење на сметководствени работи со познавање на законската регулатива, и применливите сметководствени стандарди
  • Познавање на англискиот јазик
  • Добри компјутерски вештини, одлично познавање на MS excel
  • Висока работна етика, доверливост и одговорност кон доверените работни задачи

 

Личен профил:

  • Способност за индивидуална и тимска работа, како и работа под притисок;
  • Да го надградува своето знаење и вештина во сферата на стручната терминологија;
  • Професионален однос кон работата;
  • Одговорност и способност за организација;
  • Дискреција и доверливост;
  • Да обезбеди транспарентна комуникација со колегите и сите засегнати страни во Универзитетот
  • Ефективно да соработува со другите колеги за заеднички цели и за одржување на позитивна и доверлива работна средина;
  • Предлага и иницира нови идеи и активности;
  • Позитивно и ефективно да се прилагодува на промената на околностите;

Позицијата подразбира работа од Понеделник до Петок, со работно време од 08:00 до 16:00 часот, 40 часа неделно.

Кандидатите кои ги исполнуваат горенаведените критериуми можат да аплицираат со биографија (CV) и писмо за препорака на следната емаил адреса: [најави се за да го видиш е-маилот]

Само апликантите кои ќе влезат во потесниот круг ќе бидат контактирани за интервју.

Крајниот датум за аплицирање е: 25.11.2022

Сакаш да те препорачаме кај компаниите?

Слични огласи »

Внеси нов оглас

барај огласи за вработување » барај останати огласи »