менаџер

За компанијата: Компанијата ТОПСИСТЕМ Д.О.О. Скопје е формирана во 2004 година со основна дејност: увоз и дистрибуција на моторни и индустриски масла и масти, адитиви и производи за автомобилска индустрија. Компанијата располага со магацински и деловен простор и сопствени возила за комерција и дистрибуција. повеќе за компанијата »

(преземи го огласот во Word)

Друштво за трговија и услуги Топ Систем ДОО експорт-импорт Скопје кое се занимава со увоз,продажба и дистрибуција на моторни масла и масти од реномирани брендови,поради зголемување обем на работа има потреба од:

 

менаџер

Одговорности и задачи:

  • Продажба и наплата
  • Ја раководи и организира изработката на годишниот финансиски план и буџетите во компанијата.
  • Соработува и одржува поволни деловни односи со деловните банки и другите финансиски институции како  и со коминтенти и постојано остварува средби и состаноци за остварување нови контакти
  • Изработува редовни месечни, квартални и годишни анализи и извештаи и дава предлози за унапредување на работењето.
  • Врши управување, планирање и контрола на сите инвестиции на компанијата.
  • Води сметка за робата ,прави анализа за нарачка,ја подготвува и реализира

 

Потребни квалификации:

  • ВСС
  • Одлично познавање на англиски јазик вербален и писмено,познавање на уште еден јазик ке се смета за предност
  • Минимум 5 години искуство на иста или слична работна позиција.
  • Пожелно е познавање од моторни масла (дејност на  компанијата)
  • Одлично познавање на MS Office пакет програми (Word и Excel) и развиени компјутерски вештини.

 

Од кандидатот очекуваме:

  • Самоиницијативност, лојалност, исполнителност и чесност.
  • Организираност и одговорност.
  • Цврста работна етика.
  • Способност за одржување дискреција при справување со доверливи или сензитивни работни активности.
  • Способност за извршување на работни задачи, врзани со рокови и проценка на приоритети.
  • Високо развиени аналитички и организациски способности и прецизност во работењето. 
  • Динамичност и ефективност.
  • Развиени способности за планирање, организирање и координирање.
  • Способност за индивидуална и тимска работа.
  • Флексибилност и адаптибилност.
  • Високо развиени комуникациски и меѓучовечки односи и ефективна вербална комуникација.
  • Одлични аналитички способности и прецизност во работењето.
  • Флексибилност за работа на терен 

 

Ви нудиме:

  • Работа во динамична, професионална и стимулативна средина.
  • Можност за напредување и понатамошно усовршување во работата.
  • Позитивна тимска атмосфера.

 

 

Сите заинтересирани кандидати нека испратат свое CV со задолжителна назнака “МЕНАЏЕР“.
 

Напомена:

Само апликациите кои ќе влезат во потесен круг, ќе бидат контактирани.

Апликациите без назнака НЕМА да бидат разгледани!

 

Доколку сакате да работите во динамична атмосфера со постојано надградување на своите познавања, пратете го вашето CV со мотивационо писмо на:

  [најави се за да го видиш е-маилот] , со назнакa за која позиција се аплицира

 

Само апликациите кои ќе влезат во потесен круг, ќе бидат контактирани.

Ве молиме без телефонски јавувања!

 

Слични огласи »

вести · настани · интервјуа · технологија · hr вести · забава · здравје · hr совети · блог
барај огласи за вработување »