Оператор за доработка

За компанијата: Најголемиот принт центар во Македонија, Polyesterday, со брзо темпо го продолжува својот раст. Тимот од стручни, посветени и способни кадри се клуч на нашето успешно работење и достигнување. повеќе за компанијата »

Активни огласи од ПОЛИЕСТЕРДЕЈ:

Шивач/ка - Административен асистент - Хигиеничар/ка

Најголемиот принт центар во Македонија, Polyesterday, со брзо темпо го продолжува својот раст. Тимот од стручни, посветени и способни кадри се клуч на нашето успешно работење и достигнување. Ние ги сметаме своите човечки ресурси за клучен фактор во нашиот брз и одржлив развој.

Распишуваме оглас за работното место „Оператор за доработка (финишер)”  

На огласот можат да конкурираат кандидати кои сметаат дека ги поседуваат долунаведените карактеристики.

Карактерискити на кандидатот:

  • Минимум завршено средно образование
  • Комуникативност;
  • Организираност и одговорност кон доверените работни задачи;
  • Флексибилност, проактивност и лојалност;
  • Желба за докажување и напредок;
  • Способност за самостојна и тимска работа.

Опис на работно место:

  • Финална обработка на испечатените материјали согласно работните налози и упатства на претпоставените;
  • Пополнување на работни налози во соодветен дел наменет за печатење;
  • Евиденција на потрошен материјал за печатење.

Нудиме:

  • Постојана поддршка и помош од вработените во Полиестердеј во периодот потребен за адаптација;
  • Одлична работна атмосфера;
  • Можност за напредок доколку кандидатот покаже желба, знаење и способност да се носи со своите работни обврски;
  • Можност за учење и стекнување нови вештини;
  • Редовна Плата;

Работниот однос се заснова на определено време за период од 1 месец, со можност за продолжување на 3, 6 или 12 месеци.

За ова работнo место предвидена е почетна нето плата од 20.000 денари.

Искористете ја можноста да бидете дел од нашиот тим и кажете ни зошто вие сте идеалната личност за оваа работна позиција, испратете ни го вашето CV на  [најави се за да го видиш е-маилот]  со наслов: “за работна позиција оператор за доработка”.

Само кандидатите кои ќе влезат во најтесниот круг ќе бидат контактирани од страна на претставнци на нашата компанија.

Веб сајт: 

www.print.mk

www.polyesterday.com.mk

Сакаш да те препорачаме кај компаниите?

барај огласи за вработување » барај останати огласи »