ПРОГРАМЕР

За компанијата: Од 1994 година ДУНА е водечка команија присутна во бизнис секојдневието во Македонија. Со канцеларии и во Албанија и Србија. Со успешни проекти и во Косово. Посветено работиме на нашата мисија која започна... повеќе за компанијата »

Активни огласи од ДУНА ДОО:

Сервисер на мултифункциски уреди

(преземи го огласот како слика)

Програмерот во ДУНА работи како дел од динамичен и просперитетен тим, обезбедени му се врвни услови за работа и има можност за постојан личен и професионален развој и напредок.  Има можност да биде дел од тим кој поддржува спорт, outdoor активности, здрав животен стил, забава. Tим кој заедно плови низ многу предизвици и победи.

За да станете дел од екипажот ДУНА треба да сте:

  • Динамична и позитивна личност,
  • Да поседувате деловна етика и лојалност,
  • Да сте спремни за успеси,
  • Да умеете да работите во тим,
  • Да почитувате рокови и процедури,
  • Да сте спремни за лична и корпоративна континуирана надградба,
  • Да имате диплома од високообразова институција или последна година на истата (препорака: ФИНКИ и ФЕИТ)
  • Да познавате дел или сите од следните компетенции: .NET, C#, SQL, HTML5, JS, CSS3, ASP.NET MVC
  • Предност е поседување на валиден/ни Microsoft сертификат/и
  • Предност е поседување на валиден/ни сертификат/и од стекнати од неформално образование
  • Да познавате англиски јазик

Одговорност:

Програмерот е одговорен за развој, модификација и инсталација на софтвер

Вашите апликации ги очекуваме на [најави се за да го видиш е-маилот] со назнака Програмер.

Сакаш да те препорачаме кај компаниите?

барај огласи за вработување » барај останати огласи »