
БЕТ КОНСАЛТИНГ ДООЕЛ е фирма лоцирана во Скопје. Основната дејност е од областа на сметководствени услуги, даночен и финансиски консалтинг. Имаме потреба од овластен сметководител со богато искуство во областа на сметководственото работење и даночната регулатива за приклучување кон нашиот тим.
Услови за кандидатите:
- Овластување за вршење на сметководствени услуги (сертификат за овластен сметководител).
- Повеќе од 8 години работно искуство во областа на сметководство.
- Длабоко познавање на тековните законски прописи поврзани со даноци, финансиски извештаи и регулативи.
- Способност за работа во динамична средина и соработка со тим.
- Познавање на работа со сметководствени софтвери (познавање на Хеликс-Зонел ќе се смета за предност
- Познавање на МS Officе пакетот и работење во Excel
- Познавање на Англиски јазик
Личен профил:
- Комуникативност, организираност, одговорност и доверливост,
- Способност за индивидуално и тимско работење,
- Способност за работа со дадени рокови и работа под притисок,
- Одлични аналитички и организациски способности.
Работни обврски:
- Книжење, ликвидирање и контрола на целокупна сметководствена документација;
- Изготвување и достава на ДДВ пријави;
- Изготвување и достава на пресметки за личен доход;
- Подготовка и поднесување на завршна сметка и финансиски извештаи;
- Подготовка на извештаи до надлежни институции;
- Познавање и примена на важечка законска регулатива од оваа област.
Ние нудиме:
- Конкурентна плата и можност за дополнителни бенефиции.
- Пријатна работна атмосфера во професионален тим.
- Можност за професионален развој и постојана едукација.
Како да аплицирате?
Доколку ги исполнувате наведените критериуми и сте заинтересирани да станете дел од нашиот тим, испратете ни ваша биографија (CV) и копија од овластувањето на следната:
е-пошта: [најави се за да го видиш е-маилот]
или по пошта на адреса ул.Тодор Паница бр.12-19, Скопје,
со назнака „Апликација за овластен сметководител“.
Рок за аплицирање: 28.02.2024
Кандидатите кои ќе влезат во потесен круг на избор и кои ги исполнуваат бараните услови, ќе бидат повикани на разговор.
Слични огласи »