Глобал Гаминг ДООЕЛ лого

Финансиски Контролор

(преземи го огласот во Word)

ФИНАНСИСКИ КОНТРОЛОР

Опис на работно место

  • Учествување и изработка на финансиски буџет како дел од системот за внатрешно известување за одделни компании и за групата како целина во соработка со непосредниот раководител и финансискиот директор. Комуникација и соработка со регионот во смисла на поддршка и имплементација на процесите и методологијата за внатрешно известување во согласност со правилата на групата.
  • Подготовка на месечни, квартални и годишни извештаи за управување со повеќе деловни единици.
  • Учествување во процесот на буџетирање.
  • Анализа на варијансите и толкување на резултатите, односно клучни деловни индикатори (KPI).
  • Анализа на отстапувања од буџетот и соработка со раководството во смисла на подобрување на ефикасноста.
  • Следење на трошоците на месечно ниво и контрола на соодветно книжење на трансакциите.
  • Подготовка на вонредни, како и редовни други извештаи во согласност со потребите на раководството.
  • Учествување во изработка на вонредни буџети како и долгорочни бизнис планови.
  • Учествување во спроведувањето и следењето на внатрешните контроли.

Услови

  • Минимум 3 години работно искуство на слична позиција 
  • Високо образование во областа на економијата и финансиите.
  • Познавање на сметководствени регулативи во земјата, како и МСФИ.
  • Добро познавање на работа во MS Office, особено знаење на работа во Excel, како и основно познавање на работа во Power Point.
  • Аналитичност, прецизност и иновативност.
  • Подговеност за работа во тим.
  • Познавање на англиски јазик.
  • Проактивен пристап кон работата.

Нудиме

  • Постојано вработување и ангажирање во поддршка на успешен тим.        
  • Динамично работно опкружување со помали, но разновидни типови на деловни активности и разновидно работење.
  • Можност да ги презентираат своите сопствени идеи и можност за нивна. имплементација (можност за промена и учество во нивното унапредување).
  • Можност за личен развој и напредок преку имплементација на нови решенија.

Ве молиме Вашето CV и мотивационо писмо да ги испратите на електронската адреса: [најави се за да го видиш е-маилот]

Слични огласи »

вести · настани · интервјуа · технологија · hr вести · забава · здравје · hr совети · блог
барај огласи за вработување »