Раководител на Маркетинг

(преземи го огласот во Word)

Друштвото за услуги МОНЕТА ФИНАНЦИАЛ СЕРВИЦЕС ДООЕЛ, Скопје, со седиште на ул. Битпазарска бр. 60/1-1, 1000 Скопје, пoштенски факс бр.915, Лиценцирана од страна на Народна Банка на Р.С. Македонија како  Давател на услугата Брз Трансфер на Пари - MoneyGram, oбјавува :

                                                                                      ОГЛАС

                                                                                за Маркетинг  

Нашата компанија има потреба од искусен и снаодлив Раководител на Маркетинг. Бараме професионалец кој има способност да ги искористи деловните трендови и кој може да придонесе во создавање на долгорочна вредност за компанијата.Кандидатите треба да имаат силни комуникациски вештини и треба да бидат подготвени да патуваат.

Работни задачи и одговорности:

  • Промоција на услугата и производите на MoneyGram и Монета;
  • Истражување и идентификување на нови можности на пазарот;
  • Анализа на конкуренцијата;
  • Помош при брендирање и снабдување на субагентите со маркетиншки и промотивни материјали;
  • Активно учество во креирање на нови маркетиншки активности и кампањи;
  • Негување заедничка соработка во рамките на организацијата.
  • Реализирање на годишниот маркетинг план ;
  • Дизајнирање на маркетинг материјали на  друштвото и тоа: изработка на брошури, флаери, постери, знамиња, итн.
  • Реализира различни активности за промоција на услуги;
  • Помага при реализирање на настани организирани или спонзорирани од страна на  Д.У МОНЕТА ФИНАНЦИАЛ СЕРВИЦЕС Дооел, Скопје, дизајнот, изгледот и организацијата на постери, флаери, тезги, итн, за овие настани;
  • Подговтување на материјалите за маркетинг и нивното доставување до сите агенти;
  • Планира и управува со активностите на социјалните мрежи како ФБ, Инстаграм и официалната Веб Страна на Монета ;
  • Управува со електронскиот и печатениот маркетинг на МОНЕТА ФИНАНЦИАЛ СЕРВИЦЕС Дооел, Скопје ;
  • Формира листа за контакт на клиентите, да ги информираа за нови услуги или било кој настан организиран од МОНЕТА ФИНАНЦИАЛ СЕРВИЦЕС Дооел, Скопје ;
  • Обезбедува навремено нарачување на промотивни материјали, како што се брошури, реклами, итн.;
  • Врши и други работи по налог на Управителот.

Подготовка и професионални вештини:

  • Минимум ССС, додека ВСС ќе се смета за предност;
  • Минимум 3 години работно искуство;
  • Поседување на возачка дозвола Б категорија – активен возач;
  • Одлично познавање на MS Office, особено Excel и Access, Photoshop, Ilustrator, Corel;
  • Одлични комуникациски вештини на македонски и англиски јазик;
  • Високо развиени комуникациски, преговарачки и организациски вештини.

Зошто треба да аплицирате:

  • Одлични можности за раст и професионално напредување;
  • Работа во успешна и стабилна компанија, претставник на добро познат интернационален бренд, каде што тимскиот дух континуирано се гради и е основа за понатамошни уште поголеми успеси;
  • Професионални обуки организирани од страна на работодавачот;
  • Службено возило достапно за потребите на работната позиција;
  • Секој исклучителен резултат е соодветно наградуван;
  • Можност да годишни бонуси како резултат на успешното работење на компанијата.              

Заинтересираните кандидати своето CV со фотографија, заедно со мотивационо писмо да го испратат на e-mail:  [email protected]  или на адреса: ул. Битпазарска бр.60/1-1, 1000 Скопје, Поштенски фах бр.915 со назнака “Оглас за Маркетинг”.

Напомена:

Огласот важи од 10.09.2021 година до 24.09.2021 година, апликациите пратени со задоцнување нема да се земат во предвид. Само апликациите кои ќе влезат во потесен круг, ќе бидат контактирани.

Аплицирајте веднаш, Ве очекуваме!