За компанијата: Предизвиците во областа на човечките ресурси не се само наша секојдневна работа, туку се и наша страст. Нашето знаење и експертиза ни дозволуваат да имаме уникатен пристап кон секоја задача. Нашите клиенти...
повеќе за компанијата »Во име на својот клиент, извозно оренитирана компанија со долгогодишна традиција во производство, ДЕКРА ја објавува позицијата:
ОПИС НА РАБОТНОТО МЕСТО
- Комплетно водење на сметководственото работење и контрола на истото;
- Контрола на книжење на финансиската и материјална документација;
- Изготвување на завршни годишни сметки;
- Пресметка на ДДВ и данок на добивка;
- Разновидни сеопфатни сметководствени активности во согласност со сметководствените стандарди и принципи, како и со сите релавантни законски и регулативни прописи;
- Подготовка на финансиски извештаи;
- Уредно водење на документацијата во согласност со имплементираните стандарди за квалитет во компанијата;
- Комуникација со сите релевантни државни институции.
ПОТРЕБНИ КВАЛИФИКАЦИИ
- Диплома за завршен Економски факултет;
- Поседување на лиценца за овластен сметководител;
- Предходно работно искуство од 3 години;
- Познавање на англиски јазик;
- Поседување на возачка дозвола Б категорија;
- Одлично познавање и работа со Excel.
ПРОФЕСИОНАЛНИ ЗНАЕЊА И СПОСОБНОСТИ
- Одлични организациски и комуникациски способности;
- Способност за работа под притисок и кратки рокови;
- Способност за тимска и индивидуална работа;
- Систематичен пристап кон работењето, ориентација кон детали;
- Иницијативност, посветеност, амбициозност;
- Подготвеност за работа во динамична работна атмосфера.
ДОПОЛНИТЕЛНИ ИНФОРМАЦИИ
Доколку сте заинтересирани за отворената работна позиција, своите професионални биографии можете да ги испратите на: [најави се за да го видиш е-маилот]
Крајниот рок за аплицирање е : 09/03/2021
Само кандидатите кои ги исполнуваат горенаведените услови ќе бидат повикани на интервју.
Сите пристигнати биографии ќе се третираат со максимална доверливост.
*Со испраќањето на Вашата кратка биографија и писмо за мотивација, Согласни сте Вашите лични податоци да бидат обработени за потребите на регрутација и селекција од страна на ДЕКРА Арбеит Македонија и истите да бидат зачувани во дата базата на ДЕКРА. Напомена: Кандидатите можат во секое време да ја повлечат согласноста за обработка на нивната кратка биографија преку испраќање на известување на електронската пошта: [најави се за да го видиш е-маилот]
Слични огласи »