За компанијата: „Гранд – Експорт“ е основана во 1992 година во Скопје и на пазарот во Република Северна Македонија и во регионот на Југоисточна Европа етаблирана како брзорастечка приватна компанија. Формирана е и раководена од професионалци со истакнато искуство и знаења во трговијата и дистрибуцијата.
повеќе за компанијата »Отворена позиција за сменоводител во производство.
Одговорности:
- Ја организира и обезбедува синхронизираноста и континуитетот на смената, преку контрола на работата на сите оператори на производната линија
- Обезбедува непрекинато квалитетно одвивање на технолошкиот процес
- Прави секојдневна организација и координација на вработените по работни позиции и по работни смени;
- Се грижи за безбедноста и дисциплината на вработените во погон
- Организира подготовка на сите смеси и подобрувачи за рецептурите за тековната смена и прави проверка на сите операторски места;
- Прави требување на потребни количини на производство на тековната смена;
- Да води грижа од работниот тим кој што го предводи, Предлага мерки за подобрување на процесот на производство
- Врши контрола на водењето на записите поврзани со производниот процес и врз база на истите прави анализа и креира извештаи кои ги доставува до претпоставените лица;
Услови: 8ч работење, три сменско работење, работни денови: понеделник до петок, неработни денови: викенд и празници, температурата во погонот е контролирана и се движи од 18 степени до 22 степени, задолжително носење на униформа, маска и капа.
Локација: ул. 532 бр.150 Марино, Илинден.
Слични огласи »