Бизнис Анализатор

За компанијата: Флекс Кредит ДОО Скопје е Македонска небанкарска финансиска институција, регистрирана од Министерство за финансии на република Северна Македонија под број 13-1659/2.Компанијата обезбедува брзи потрошувачки... повеќе за компанијата »

Флекс Кредит како финансиско друштво е водечки играч во делот на брзи кредити во Романија, Бугарија и Северна Македонија. Нашата компанија спроведува политика на иновации и верува дека личниот развој е најважен. Затоа се осмелуваме да се наречеме привлечен работодавец за сите оние кои се во потрага по нов предизвик.

Согласно брзиот раст на компанијата како и тековните потреби ,процеси и активности на Флекс Кредит на територијата на Северна Македонија, објавуваме оглас за работна позиција: 

Бизннис Анализатор

Опис на работни задачи

  • Одговорен за анализите дадени на различните оддели на Друштвото и генерира редовни извештаи за целите на управувањето. Доколку е потребно, ги советува вработените од различни оддели за нивните прашања и извештаи;
  • Врши финансиски и статистички анализи на кредитното портфолио на Компанијата во целина и ги презентира на Менаџерот,
  • Ја контролира активноста за развој и ги ажурира моделите за обезбедување на побарувањата на Друштвото;
  • Управува и учествува во процесот на обработка на статистичките информации по индикатори за клиентите на Друштвото, со цел да се развијат модели на бодување за проценка на кредитоспособноста;
  • Развива сегментација и модели на однесување на клиентите, како во однос на ризикот од неисполнување на обврските, така и во насока на нивно ефективно маркетинг насочување;
  • Го анализира ефектот на различните маркетинг иницијативи што ги применува компанијата;
  • Одговорен за моделирање и предвидување на финансиската состојба на Друштвото врз основа на различни историски внатрешни показатели, како и фактори од надворешното опкружување;
  • Врши други тековни задачи доделени од директниот менаџер и поврзани со неговата активност;
  • Врши Ад хок анализи, како и други активности поврзани со работното место, доделени од директниот претпоставен;
  • Активно учествува во програми за обука што ги спроведува Компанијата.

 Основни квалификации и барања кои кандидатот треба да ги исполнува:

  • Задолжително релевантно работно искуство од најмалку 2 години.
  • Пожелно завршено високо образование – Економски Факултет – Маркетинг/Е-Бизнис менаџмент
  • Одлично познавање на Англиски јазик
  • Одлично познавање на Office пакет
  • Одлични вештини за анализирање, планирање и организирање;
  • Вештини за формулирање објективни и поткрепени предлози;
  • Вештини за приоритизирање и следење на роковите;
  • Концептуален поглед на деловните процеси во врска со оптимизацијата на алтернативите за финансиско покривање.

Ние нудиме:

  • Работно време понеделник до петок 09.00-17.00 часот
  • Атрактивен пакет на бонуси;
  • Можност за професионален развој и напредување
  • Дополнитлна  обука и тренинг
  • Динамична атмосфера во брзорастечка компанија

Сакаш да те препорачаме кај компаниите?

барај огласи за вработување » барај останати огласи »