За компанијата: Зегин ДОО е првата приватна компанија во Република С. Македонија регистрирана за продажба на лекови. Како една од најуспешните и најголемите компании кај нас, со најдобра инфраструктура и најголема дистрибутивна...
повеќе за компанијата »ЗЕГИН ДОО е првата приватна компанија во Република Македонија регистрирана за продажба на лекови. Како една од најуспешните и најголемите компании кај нас, со најдобра инфраструктура и најголема дистрибутивна мрежа, секогаш сме во потрага по талентирани професионалци кои сакаат да станат дел од нашето професионално семејство.
Поради проширување на својот тим, имаме потреба од: Асистент на продажба - ортопедски помагала
Потребни квалификации:
- Образование од медицински науки
- Пожелно е познавање на англиски јазик
- Одлично познавање на MS Windows и MS Office
Претходно работно искуство на иста или слична позиција ќе се смета за предност.
Потребни вештини и способности:
- Поседување комуникациски, презентациски и преговарачки вештини
- Претприемачки дух, стручна компетентност
- Ориентираност кон потреби на купувачи
- Позитивен однос и убедливост во комуникацијата
- Трудољубивост и доверливост
Што нудиме:
- Стимулативна плата
- Иновативна работна средина и мотивирачка организациска култура
- Континуиран професионален развој
- Настани и активности за добросостојбата на вработените (Employees wellbeing)
Доколку сте енергични, храбри и полни со ентузијазам за личен развој и напредување, како и професионални компетенции за успешно да работите во областите наведени погоре, Ве молиме испратете пропратно писмо и биографија на македонски јазик со ознака Асистент на продажба - ортопедски помагала на [најави се за да го видиш е-маилот] . Само кандидатите кои во целост ги исполнуваат критериумите ќе бидат контактирани.
Слични огласи »