Фармацевт за Скопје

За компанијата: Зегин ДОО е првата приватна компанија во Република С. Македонија регистрирана за продажба на лекови. Како една од најуспешните и најголемите компании кај нас, со најдобра инфраструктура и најголема дистрибутивна... повеќе за компанијата »

Дали барате нови можности и предизвици?

Станете дел од нашиот тим на и аплицирајте за следните отворени работни места

ФАРМАЦЕВТ за Скопје

(7 ново отворени работни места)

Како една од најголемите и најуспешните компании во својата дејност, со најдобра инфраструктура и најширока дистрибутивна мрежа, Зегин има потреба од проширување на својот тим на професионалци.  Доколку сте посветена личност, со високи вредности, имате одлични комуникациски способности, сте тимски играч, проактивни, позитивни, иницијативни, ориентирани кон резултати со високо развиена способност за решавање проблеми и самомотивација, станете дел од нашиот тим и аплицирајте за работа во Зегин.

НАШАТА ПОНУДА:

  • Конкурентна плата
  • Обука на работното место и специјализирани обуки
  • Месечен бонус согласно остварени месечни целина аптеката
  • Можност за унапредување согласно покажана перформанса

ОСНОВНИ ОДГОВОРНОСТИ:

  • Издавање на лекови согласно потребите на потрошувачите и компаниските правила.
  • Почитување на законската регулатива поврзана со дејноста и работните обврски.
  • Давање на стручни совети и насоки за безбедна и рационална употреба на сите производи.
  • Поттикнување на продажба на комерцијалните производи во аптеката.
  • Грижа за соодветна изложеност, пратење на роковите, залихите на производите.
  • Активно учество во навремено спроведување на маркетинг акциите.
  • Одговорност за правилно и уредно чување на лековите и другите производи.
  • Одговорност за уредно и навремено водење на соодветна документација (рецепти и сл.).
  • Активна поддршка на тимот во остварување на зададдените цели на аптеката.
  • Активно учество во обука на нови членови на тимот.

ОБРАЗОВАНИЕ И ИСКУСТВО:

  • Универзитетско Образование, Дипломиран Фармацевт,
  • Работноискуство во аптека ќе се смета за предност

 

ЗНАЕЊА И ВЕШТИНИ:

  • Одличнопознавање на MSWindows и MSOffice,
  • Високоразвиенивештини закомуникација со клиенти
  • Прецизно и точно управување со информации, податоци, документи и време,
  • Способност за ефикасноработење во динамична средина со комерциjалнаориентација
  • Личност ориентирана кон учење и напредок
  • Посветена, проактивна и иницијативна личност, тимски ориентирана, флексибилна.

Доколку сте заинтересирани и ги задоволувате горенаведените критериуми, ве молиме испратете е-маил апликација пропратена со ваша биографија (CV) и писмо за интересна [најави се за да го видиш е-маилот]

Сакаш да те препорачаме кај компаниите?

барај огласи за вработување » барај останати огласи »