.Net Developer / System Engeneer

  • Објавен пред една недела
  • Семос ДОО Скопје
  • Активен до 03.12.2021
  • Позиција: Програмер/информатичар
  • Локација: Скопје

.NET DEVELOPER

Бараме .NET програмер за развој на софтвер со користење на јазици и технологии од .NET framework-от. Избраниот кандидат ќе развива апликации „од нула“, ќе одржува постоечки апликации и ќе обезбедува корисничка подршка за домашни и странски клиенти.

Идеалниот кандидат треба да пишува функционален код, да има око за забележување на детали и да биде тимски играч со развиени комуникациски вештини.

Доколку имаш страст за работа со .NET технологии и се пронаоѓаш во описот на работното место тогаш би сакале да те запознаеме.

Одговорности:

  • Учество во анализа на клиентските барања
  • Соработка со интерните тимови при дизајнирањето и имплементацијата на софтверските решенија
  • Пишување на чист, скалабилен код со користење на .NET C# јазик
  • Развој и имплементација на нови карактеристики на постојните софтвери
  • Креирање на документација за време на целиот животен циклус на развој на софтверот

Потребни квалификации:

  • 2+ години работно искуство со .NET технологии (C#)
  • Работно искуство со релациони бази на податоци (MS SQL Server)
  • Познавање на Agile методологии
  • Одлични комуникациски вештини и вештини за препознавање на проблеми
  • Познавање и работа со Source control (TFS)
  • Познавање на .NET Core ќе се смета како предност
  • Искуство со работа со DevExpress контроли ќе се смета како предност

Што нудиме:

  • Работа во релаксирана атмосфера со искусен тим
  • Можност за посета на голем број курсеви
  • Можност за сертификација

Сите заинтересирани кандидати кои ги исполнуваат условите можат да испратат CV на  [најави се за да го видиш е-маилот]  со назнака „Семос вработување – .NET Developer“.

 

SYSTEM ENGENEER

Работни задачи:

  • Управување и следење на сите инсталирани системи и инфраструктура
  • Соработка со добавувачи и комуникација со клиенти
  • Инсталирање, конфигурирање, тестирање и одржување на оперативни системи, апликативен софтвер и алатки за управување со системот
  • Обезбедување на највисоки нивоа на достапност на системи и инфраструктура

Потребни квалификации:

  • Минимум 2 години работно искуство на иста или слична работна позиција
  • Магистрирал, дипломирал, или стекнал еквивалентно работно искуство во областа на ИТ индустријата
  • Познавање на софтвери, електроника и мрежи
  • Способен да проценува, да дава приоритет и да организира задачи самостојно
  • Способен да комуницира течно на англиски јазик (пишување, зборување, разбирање)

Што нудиме:

  • Разновидна работа и предизвикувачки проекти
  • Можности за обука и раст во рамките на организацијата
  • Можност за сертификација

Сите заинтересирани кандидати кои ги исполнуваат условите можат да испратат CV на [најави се за да го видиш е-маилот] со назнака „Семос вработување – Системски инженер“.