Самостоен сметководител

За компанијата: Еast Gate Mall e најголем трговски центар во земјата и регионот кој ќе понуди богата и уникатна содржина на шопинг, гастрономија, забава, релаксација и култура. Еast Gate Mall e замислен како нов урбан... повеќе за компанијата »

Активни огласи од ЕАСТ ГАТЕ МАЛЛ ДООЕЛ:

Референт за изработка и наплата на фактури

Скопје Ист Гејт – СЕГ, дел од групацијата Балфин, е првиот мултифункционален комплекс кој е спој на трговски и забавен центар, резиденцијален комплекс и деловен парк. Целта е да го подигнеме животниот и деловниот стандард и да донесеме нова енергија во срцето на Скопје преку воведување на нов животен стил и современи стандарди на урбано живеење.

За потребите на одделот за финансии распишуваме оглас за

САМОСТОЕН СМЕТКОВОДИТЕЛ

Главни одговорности и задачи:

  • Книжење и книговодствено евидентирање на излезна документација, влезна документација, вклучително и материјално книговодство, основни средства, ситен инвентар и амортизација
  • Книжење изводи; водење на благајната
  • Усогласување сметководствената евиденција со добавувачи/изведувачи и клиенти
  • Изготвување, комуникација и прибирање на конфирмации
  • Подготовува и пријавува даноци
  • Врши организација при попис
  • Врши проверка, евиденција и книжење на влезна документација, времени ситуации и фактури дали се во согласност со потпишани договори, понуди или на друг начин дефинирани комерцијални услови
  • Комуникација со изведувачи/добавувачи со кои има склучено договори за градење/обезбедување услуга
  • Доставување на излезна документација до изведувачи/добавувачи
  • Врши книжење на резервација на трошоци/приходи, АВР/ПВР, со цел правилна алокација на месечен трошок/приход
  • Изготвува извештаи/документи до кредитори и надлежни инситуции
  • Изготвува извештаи чии информации се обезбедуваат од домен на сметководство до соодветни државни институции
  • Соработува со ревизори во тек на спроведување на ревизија на сите финансиски извештаи
  • Изготвува поединечни завршни сметки и финансиски извештаи IFRS
  • Изготвува Договори за порамнување
  • Пресметува плата и други исплати према вработени

Потребни квалификации:

  • Висока стручна подготовка од областа на економските науки
  • Лиценца за овластен сметководител
  • Минимум 5 годишно работно искуство на иста или слична работа позиција
  • Напредно познавање на Microsoft Office пакет и програми за сметководствено работење (Collab / Pantheon)
  • Активно познавање на MSS & MSFI сметководствени стандарди
  • Одлично познавање на англиски јазик
  • Изразени аналитички способности
  • Способност за решавање на проблеми и одлучување за работи од свој делокруг

Доколку сте заинтересирани за работа во динамична и предизвикувачка интернационална средина, со можности за контунуиран развој, ве покануваме да ја испратите Вашата кратка биографија преку полето Брза Апликација, најдоцна до 06.11.2024.

Сакаш да те препорачаме кај компаниите?

Слични огласи »

Внеси нов оглас

барај огласи за вработување » барај останати огласи »