Магационер

За компанијата: Компанијата ЕСИ (Employment Services International) е присутна на пазарот од мај 2007, како агенција за услуги кои се однесуваат на човечките ресурси. Наша цел е да понудиме комплетни решенија за раководење... повеќе за компанијата »

За вработување кај наш реномиран клиент, ОКТА АД – Скопје,  која е дел од една од најголемите групации во енергетскиот сектор – Групацијата Хеленик Петролеум и воедно најголем снабдувач на горива во земјата, бараме:

Магационер (Реон Скопје)

ЗАДАЧИ:

  • Прием, издавање на материјали и водење евиденција за секоја трансакција во ERP систем (SAP);
  • Организирање внатрешен транспорт/ракување со материјалите до местото на складирање во магацинот;
  • Внимателно складирање или дистрибуција на примената стока, без можност истата да биде оштетена;
  • Изготвување на извештај за минималната и максималната количина на залихи на материјали и делови од опрема;
  • Обезбедување соодветна евиденција и управување со целата документација за да се потврди соодветното ниво на залиха и да се одржува контрола на залихите во согласност со процедурите на компанијата;
  • Комуникација со секторот за набавки и со назначените инженери на компанијата за квалитетен и квантитативен прием на стоки;
  • Учество во проверка на примената стока од аспект на оштетувања или несогласувања;
  • Одржување на чист и уреден магацин;
  • Следење и почитување на релевантните процедури;
  • Водење соодветни документи за безбедно складирање и ракување со материјалите;
  • Врши и други работи од областа на стручната квалификација

 

 

БАРАМЕ:

  • ССC/ВСС, пожелно со машинска или електро насока
  • Најмалку 3 години релативно работно искуство како Магационер или друга слична позиција која се занимава со асортиман на технички материјал.
  • Претходно работно искуство со САП или друго соодветно ERP решение ќе се смета за предност.
  • Активно познавање на англискиот јазик
  • Добро познавање на MS Office пакетот
  • Возачка дозвола Б категорија
  • Поседување на Дозвола за работа со виљушкар и дигалка се смета за предност

Барани лични особини и вештини:

  • Добри комуникациски и организациски вештини;
  • Ориентираност кон тимска работа;
  • Доверливост и лојалност;
  • Одговорност;
  • Посветеност и самоиницијативност;
  • Time management вештини;
  • Способност за работа на висина, кревање на тешки предмети

ПОНУДА:

  • Работа во позитивна средина со можност за напредување
  • Солидна нето плата
  • Интерна обука
  • Полно работно време од 07:00-15:00 часот
  • Организиран превоз  до работно место од компанијата
  • Организирана исхрана од компанијата

Други бенефиции согласно политиките на компанијата.

 

Доколку ги исполнувате наведените критериуми, своите биографии испратете ги на [најави се за да го видиш е-маилот] и наведете ја позицијата „МАГАЦИОНЕР“ за која аплицирате.

 

ЕСИ (Employment Services International)

ул. Костурски херои 62/1,1000 Скопје

T: +389 2 3246-899, Ф: +389 2 3246-897
[најави се за да го видиш е-маилот] , www.esi.mk

Сакаш да те препорачаме кај компаниите?

барај огласи за вработување » барај останати огласи »