За компанијата: Зегин ДОО е првата приватна компанија во Република С. Македонија регистрирана за продажба на лекови. Како една од најуспешните и најголемите компании кај нас, со најдобра инфраструктура и најголема дистрибутивна...
повеќе за компанијата »(преземи го огласот како слика)
Позиција - Специјалист за управување со залихи
Основни задачи и одговорности:
- Обезбедување на оптимална залиха во аптеки, преку следење и модифицирање на процедурите за управување со залихи
- Зголемување/намалување на залиха во аптека со цел да се следи трендот на продажба.
- Зголемување/намалување на залиха во аптека на барање од Малопродажба и Комерција
- Дефинирање на нови артикли во аптеки (прво позиционирање)
- Дефинирање на почетна залиха при отварање на нова аптека
Потребни квалификации:
- Високо образование
- Работно искуство во областа на фармацијата ќе се смета како предност
- Пожелно е познавање на англиски јазик
- Одлично познавање на MS Windows и MS Office
Потребни вештини и способности:
- Развиени организациски и комуникациски способности
- Самоиницијативност и лојалност во извршувањето на работните задачи
- Ориентираност кон остварување резултати и наоѓање решенија
- Професионален и позитивен однос
- Флексибилност за работа во динамична атмосфера
- Способност за тимска работа
Што нудиме:
- Стимулативна плата и бенефиции
- Иновативна работна средина и мотивирачка организациска култура
- Континуиран професионален развој преку учество на симпозиуми, конференции и континуирани обуки
- Настани и активности за добросостојба на вработените (Employees wellbeing)
- Работно време: Понеделник - Петок; (флексибилно работно време)
Слични огласи »