Референт за спречување перење пари и финансирање тероризам

За компанијата: Банката е формирана во 1993 година како една од првите приватни банки во земјата под името Кредитна Банка АД Скопје. Од мај 2016 година, Банката работи под името Силк Роуд Банка АД Скопје и е единствена банка во Р. Македонија и регионот со 100% швајцарски капитал. повеќе за компанијата »

(преземи го огласот во Word)

 

Оглас за вработување
на Референт за спречување перење пари и финансирање тероризам во Служба за усогласување со прописи, спречување перење пари и финансирање тероризам

во Силк Роуд Банка АД Скопје

СИЛК РОУД БАНКА АД СКОПЈЕ нуди можност за работа во динамична, квалитетна и пријатна работна средина, со можност за личен развој и професионален напредок.

Банката вработува Референт за спречување перење пари и финансирање тероризам во Служба за усогласување со прописи СПП и ФТ

Дел од работните задачи на Референт за спречување перење пари и финансирање тероризам:

  • Применување на пропишаните мерки за спречување перење пари и финансирање на тероризам на ниво на Банка;
  • Следење на деловните односи со клиентите и трансакциите во рамките на воспоставените деловни односи;
  • Идентификување на сложени и невообичаени трансакции и трансакции на сомневање за перење пари и финансирање на тероризам;
  • Изработка на анализи на клиенти и трансакции;
  • Изработка на дневни и месечни извештаи и нивно доставување до надлежните институции;
  • Учество во изготвување на проценката на ризикот од перење пари и финансирање на тероризам и нејзино редовно ажурирање;
  • Следење и имплементација на регулативата и прописите поврзани со банкарското работење и спречување перење пари и финансирање на тероризам;
  • Следење и имплементација на меѓународната регулатива и пракса од областа на усогласеност со прописите, спречување перење пари и финансирање на тероризам;
  • Комуникација со надлежните институции во рамките на дефинираните овластувања согласно законските прописи.

Кандидатите треба да ги исполнуваат следните квалификации:

  • Универзитетска диплома во областа на економија, финансии и банкарство
  • Одлично познавање на MS Office (Word, Excel, Power Point)
  • Одлично познавање на англиски јазиик
  • 2 години работно искуство, по можност во областа
  • Високо ниво на комуникациски вештини
  • Добри аналитички вештини
  • Флексибилност
  • Иницијативност

Работното време е 8 часа дневно, односно 40 часа неделно, од понеделник до петок.

Заинтересираните кандидати кои ги исполнуваат наведените услови, потребно е да испратат кратка биографија и мотивационо писмо на македонски јазик на [најави се за да го видиш е-маилот] со задолжителна назнака за “референт за спречување перење пари и финансирање тероризам”, најдоцна до 18.03.2024 година.

Ве молиме во Вашите апликации не доставувајте сензитивни податоци како националност, вероисповест како и детали за вашиот приватен живот.

Само кандидатите кои ќе бидат избрани во потесен избор ќе бидат контактирани заради спроведување на интервју или тестирање.

Сите апликации ќе имаат третман на строга доверливост. Со доставувањето на Вашата апликација ќе се смета дека се согласувате Банката да може да ги обработува Вашите лични податоци за потребите на процесот на вработување.

Согласноста може да ја повлечете во секое време со доставување на барање за истото до Офицерот за заштита на лични податоци на e-mail адресата   [најави се за да го видиш е-маилот]

 

Сакаш да те препорачаме кај компаниите?

барај огласи за вработување » барај останати огласи »