Автомеханичар

За компанијата: Dellfix GmbH е со седиште во Германија, Герштофен, специјалист за поправка на моторни возила оштетени од природни катастрофи. На национално ниво, неколку илјади возила се поправаат секоја година. Од 2000-та... повеќе за компанијата »
  • Објавен на 4.2019
  • Dellfix GmbH
  • Активен до 12.04.2019
  • Позиција: Автомеханичар
  • Локација: Друга држава
  • Телефон: +4982142085080

Општ опис на работа:

Како компанија на национално ниво, ние сме активни во сите региони на Република Германија,  каде има моторни возила оштетени од градските бури. За жал, не секогаш знаеме точно каде и колку долго ќе работиме на една одререна локација. Ако има многу возила што се  оштетени,  можно е ние да останеме на едно место со наша привремена локација дури и на  неколку месеци. Во други случаи, сите поправки  се обработуваат во рок од  неколку недели и  локацијата се менува соодветно со понатамошни нарачки за поправки на моторни возила – ова ја прави нашата работа разновидна и возбудлива.
За време на сезоната на штети во Република Германија  (најчесто во летните месеци од мај до октомври) Ние сме во потрага по вас како засилување на нашите локални Акциони тимови.
Немате проблем со долготрајно отсуство од дома во текот на летните месеци и сакате променливи и возбудливи работи? Тогаш, совршено се вклопувате во нашиот профил на барања. Се разбира, ние се грижиме за вашето пристигнување, удобното сместување на местото каде ке се работи , и да ние ги пориваме сите трошоци.
 

Спецификација за работа:

Автомеханичар

Демонтажа и монтажа на моторни возила. Вклучувајќи поправки во  внатрешноста (ентериерот) на автомобилот, исто така поправки на  трим, столб, покривот, делови како што се хаубата, капакот на багажникот, вратите итн. Сите од горенаведените автомобилски делови  можат да бидат оштетени, при што тие  треба бидат демонтирани, поправени и повторно монтирани. Исто така замена и поправка на клучалки, шини на покривот, менување на филтри и соодветни предизвици припаѓаат на задачите.
 

Автолимар

Секаков вид на поправки на оштетени моторни возила при сообраќајна несреќа
 

Она што го нудиме:

 

- Договор за работа во Германија

- Работа со променлива работна локација, ограничена на 6 месеци

- Пријатна работна атмосфера во специјализиран тим

- Упатства за работа од страна на нашите специјалисти

- Стапка: 10,00 - 15,00 евра(брутто) - во зависност од квалификациите.

-40 часа неделно, по одземање на данок / осигурување, ова резултира со нето плата од

   околу 1250 € - 1750 € месечно. Можно е да се работи прекувремено.

- Социјално и здравствено осигурување

- Бесплатно сместување во добро чувани пансиони и гостилници на локацијата

- Патни трошоци за патување при пристигнување и враќање се 100% прифатени

- контакт лице со македонски јазик


Што очекуваме:

-БУГАРСКИ ПАСОШ со најмалку 6 месеци важност

- прецизна, пристојна и уредна работа

- Точност и сигурност

- Подготвеност за учење и тимска работа

- Минимум германски и / или англиски јазик ќе се смета за предност
-Познавање на германски или Англиски јазик

- банкарска сметка. Платите не се платени во готово

- Возачка дозвола


Краен рок за апликации: 22.04.2019
Разговори за работа: Прва или Втора недела во месец Мај
Местата за Интервјуа ке бидат договорени по електронска пошта
Контакт лице со Македонски Јазик: Милош
[најави се за да го видиш е-маилот]

Се радуваме на вашите апликации за работа !!!



Фирма Dellfix GmbH
 

Останати огласи »

вести · настани · интервјуа · технологија · hr вести · забава · здравје · hr совети · блог
барај огласи за вработување »