Хигиеничар/ка

Компанија: Глобе Виллиамс ДОО Скопје е интернационална компанија за пружање на услуги во одржување на погони и постројки за големи клиенти од сите индустриски гранки. Нашата основна дејност е да обезбедиме квалитетни услуги за управување со погон и постројки во различни трговски и индустриски објекти на национално и меѓународно ниво.

Работна позиција: Хигиеничар

Локација: Кадино, Скопје

Работните задачи се извршуваат во производствени капацитети, административни канцеларии, кантина, соблекувални, тоалети.

Работен распоред: Понеделник – Петок, 10:00 – 18:00 часот (Празници и викенди се слободни)

Главни задачи

  • Чистење на подовите со метење, џогирање и со машина за чистење;
  • Чистење на канцеларискиот мебел и опрема;
  • Чистење и обезбедување на потребните материјали во тоалетите;
  • Собирање на отпад и празнење на корпи за отпадоци;
  • Чистење на прозорци.

Обезбеден е дополнителен надоместок за автобуски превоз, храна и униформа за работа.

Сакаш да те препорачаме кај компаниите?

барај огласи за вработување » барај останати огласи »