Оператор на машина – Сито печатење

За компанијата: Најголемиот принт центар во Македонија, Polyesterday, со брзо темпо го продолжува својот раст. Тимот од стручни, посветени и способни кадри се клуч на нашето успешно работење и достигнување. повеќе за компанијата »

Најголемиот принт центар во Македонија Polyesterday, со брзо темпо го продолжува својот раст. Тимот од стручни, посветени и способни кадри се клуч на нашето успешно работење и достигнување. Ние ги сметаме своите човечки ресурси за клучен фактор во нашиот брз и одржлив развој.

Полиестердеј има потреба од мотивирани и талентирани кандидати за вработување на следната работна позиција – Оператор на машина – Сито печатење.

Потребни квалификации:

  • Минимум средно образование,
  • Познавање на процесот на развивање на сита,
  • Познавање на материјали за сито печатење и начин на нивна употреба,
  • Одговорност, лојалност и способност за тимска работа,
  • Организираност и одговорност кон доверените работни задачи.

Работни задачи и одговорности:

  • Прием на налози и фајлови за печатење,
  • Пополнување на работни налози во соодветен дел наменет за печатење,
  • Управување и следење на машините за печатење,
  • Контрола на квалитет на испечатен материјал согласно испратениот фајл.

Што нудиме:

  • Постојана поддршка и помош од вработените во Полиестердеј во периодот потребен за адаптација;
  • Култура на почит, отвореност, взаемно помагање и тимска работа;
  • Можност за учење и стекнување нови вештини;
  • Колективно осигурување во случај на незгода;
  • Навремена исплата на плата, додатоци на плата – минат труд и К-15.

Искористете ја можноста да бидете дел од нашиот тим и кажете ни зошто вие сте идеалната личност за оваа работна позиција, испратете ни го вашето CV на [најави се за да го видиш е-маилот]  со наслов: “за работна позиција - оператор на машина - сито печатење”.

Веб сајт:

www.print.mk

www.polyesterday.com.mk

Сакаш да те препорачаме кај компаниите?

барај огласи за вработување » барај останати огласи »