Едукатор
- Објавен пред 4 месеци
- Едуфронт ДООЕЛ Скопје
- Активен до 16.08.2019
- Позиција: Обрзазовен кадар
- Локација: Скопје
ЕДУФРОНТ е едукативен центар за компјутерско образование на деца посветен на развивање на логичкото размислување, креативните вештини, способностите за решавање на проблеми и иновативниот дух на децата. Центарот се наоѓа во населбата Карпош 2, во близина на Технолошки металуршки факултет во Скопје.
ЕДУФРОНТ има потреба од ангажирање на едукатор за водење и фасилитирање на компјутерски креативни работилници со деца од 6 до 12 години. Работилниците ќе се одвиваат во попладневните часови во текот на работната седмица.
Потребни квалификации:
-
Основни компјутерски вештини
-
Познавање на англиски јазик
-
Креативен дух и желба за работа со деца
-
Завршени студии или апсолвент на еден од следните факултети: Педагошки факултет, ПМФ, ФИНКИ или сродни факултети
-
Претходно работно искуство на слично работно место ќе се смета за предност
Заинтересираните кандидати треба електронски да испратат своја кратка биографија (CV) и краток опис за мотивацијата на contact@edufront.mk најдоцна до 20.08.2019. Избраните кандидати ќе бидат известени и повикани на интервју.