Плата од 24.000 ден. до 27.500 ден.
За компанијата: GenLight е сеопфатна платформа за лабораториски анализи. Добавувачи сме за се што може да им биде потребно на лабораториите за контрола на квалитет, а истовремено имаме и акредитирана лабораторија за спроведување на сите анализи потребни за контрола на квалитет во индустријата.
повеќе за компанијата »GenLight е сеопфатна платформа за лабораториски анализи. Застапници сме на компании за лабораториски реагенси, потрошни материјали и хемикалии, а преку акредитираната лабораторија нудиме услуги за испитување на храна и вода. Потребен ни е лаборант со Б категорија дозвола за:
- Земање на примероци,
- Припрема на раствори,
- Одржување на хигиената во лабораторијата
- Одржување на дел од системот за контрола на квалитет
- Прием на примероци
- Дистрибуција на материјали
- Магацинска работа
Нудиме можност за унапредување на работното место во насока на развој на соработка со клиенти и/или развој во лабораториските вештини и познавања на аналитички методи.
Сите заинтересирани кандидати се добродојдени да го пратат своето CV на [најави се за да го видиш е-маилот]
Планиран рок за вработување во најскоро можно време.
Останати огласи »