Консултант - Продавач - Штип

  • Објавен пред една недела
  • Нефа мебел
  • Активен до 06.12.2018
  • Позиција: Продавач/трговец
  • Локација: Штип

 

Компанијата НЕФА МЕБЕЛ се занимава со сериско производство на мебел за европскиот пазар и поседува сопствен малопродажен ланец. НЕФА МЕБЕЛ е дел од рускиот кластер на мебел. Матичната компанија во Русија се состои од 3 фабрики со над еден милион парчиња мебел произведени годишно и повеќе од 1000 сопствени салони за мебел.

 

Планот за развој на бизнисот на компанијата НЕФА МЕБЕЛ во Европа до 2020 година, вклучува обем на производството на 72 000 парчиња на мебел на годишно ниво во рамките на современа фабрика, отворање на синџир на продавници - 150 продавница за мебел во Европа, како и 500 нови вработени.

 

Поради растот и развојот на пазарниот потенцијал, како и проширувањето на бизнисот, во потрага сме по кандидати кои ќе се придружат на нашиот успешен тим на позицијата:

 

Продавач - консултант

 

Локација: Штип

Опис на работата:

  • Ги пречекува посетителите во салонот и индивидуално работи со нив
  • Во комуникацијата со клиентите, ги дознава нивните потреби и ги презентира производите
  • Ги информира купувачите за карактеристиките на производот, условите и можностите за плаќање, тековните акции/попусти и помага при купувањето
  • За потребите на продажбата, ги подготува потребните документи за продажба и испорака
  • Го информира купувачот за правилата за одржување на мебелот
  • Го надгледува процесот на плаќање и испораката на мебелот на клиентот
  • Го информира купувачот за постапката за решавање на рекламацијата
  • Ја следи состојбата на залиха на стоката во рамките на својата одговорност
  • Креира документи за продажба и документација за испорака
  • Одржува хигиена во салонот

Профил на кандидатот:

  • Минимум III степен на стручна подготовка
  • Пожелно е искуство на слични работни места во малопродажба
  • Љубезност и подготвеност за соработка
  • Фокусираност на потребите на потрошувачите

Доколку сакате да бидете дел од динамичен тим кој поставува стандарди и поттикнува тимска работа, испратете ја Вашата биографија и мотивационо писмо по електронски пат на следната e-mail адреса: info@nefa.mk, со назнака Продавач – Консултант за Штип.

Конкурсот е отворен до 20.12.2018 година.

 

Ќе бидат контактирани само кандидатите кои ќе влезат во потесен избор.

 

Во процесот на селекција, кандидатите нема да бидат директно или индиректно дискриминирани врз основа на здравствената состојба или инвалидност, пол, бојата на кожата, возраст, национална припадност, религија, брачен статус, сексуална или политичка ориентација, членство во различни организации или било која друга лична карактеристика.

Забелешка: Со испраќањето на апликацијата, кандидатот се согласува дека компанијата ќе ги обработува неговите лични податоци во процесот на селекција во согласност со Законот за заштита на личните податоци

КЛИКНИ