Супервизор во производство

Плата од 45.000 ден.

За компанијата: Компанијата Пурпласт се наоѓа во ТИРЗ Скопје 2 - Бунарџик и работи во автомобилската индустрија, а своите производи ги извезува во 36 земји во светот. Во индустрискиот капацитет во ТИРЗ Скопје 2, Пурпласт произведува пластични компоненти за компании кои произведуваат автобуси и камиони. повеќе за компанијата »

СУПЕРВИЗОР ВО ПРОИЗВОДСТВО - МАШИНСКИ ИНЖЕНЕР

Одговорности

  • Ефикасно управува со производниот персонал за да се обезбеди дека распоредот на производството е постигнат;
  • Задава одговорност на вработените за производство на квалитетни делови и за следење на процесот за обезбедување квалитет;
  • Поддржува секојдневните активности на одделот за производство. Како на пример, поправка на склопови, соодветност на делови и други проблеми што можат да влијаат на квалитетот;
  • Менторство и изработка на извештаи и поддршка на тимови за квалитет одговорни за постигнување на целите на компанијата;
  • Подетално запознавање со производствената линија;
  • Има улога на главно лице за контакт за решавање на проблеми поврзани со процесот на производство;
  • Читање и примена на техничка документација (технички цртежи и технологии)
  • Обезбедување на навремена испорака до клиентите.

Барања, вештини и компетенции

  • Завршено Високо Образование - МАШИНСКИ ФАКУЛТЕТ;
  • Минимум 3 годишно работно искуство на иста или слична позиција;
  • Искуство во синџирот на автомобилската индустрија;
  • Одлично познавање на англискиот јазик.
  • Детално ориентиран и организиран во својата работа;
  • Способност за следење на работни инструкции;
  • Лични вештини и компетенции: точност, флексибилност, чесност, независност, организираност и одговорност;
  • Организациски вештини и компетенции: способност за планирање и организирање на работата. 

Што нудиме:

  • Работа во безбедна и здрава околина со почитување на сите норми за безбедност и здравје при работа;
  • Компетитивни месечни примања на пазарот на труд во РСМ;
  • Обезбеден автобуски превоз до работното место и назад;
  • Обезбедена исхрана во современа кантина;

Работно време од Понеделник до петок од 08:00 до 16:00 часот.

Доколку сте заинтересирани аплицирајте на  [најави се за да го видиш е-маилот]

Само селектираните кандидати ќе бидат повикани на разговор.

Со Вашето доставување на CV се согласувате истото да биде задржано во нашата база на кандидати.

Компанијата Пурпласт се наоѓа во ТИРЗ Скопје 2 - Бунарџик и работи во автомобилската индустрија, а своите производи ги извезува во 36 земји во светот. Во индустрискиот капацитет во ТИРЗ Скопје 2, Пурпласт произведува пластични компоненти за компании кои произведуваат автобуси и камиони.

Сакаш да те препорачаме кај компаниите?

Внеси нов оглас

барај огласи за вработување » барај останати огласи »