Финансов сметководител

За компанијата: ПОЧЕТОЦИ И ИСТОРИЈА КАМ доо е најголем национален хард-дисконт и трговец-лидер во малопродажбата во Македонија. КАМ ги следи принципите на хард-дисконт: висок квалитет по ниски цени. Зад успехот на КАМ... повеќе за компанијата »

КАМ доо е најголем синџир на маркети во Македонија кој ги применува основните принципи на хард дисконт: Висок квалитет и постојано ниски цени. Присутни сме во три земји со повеќе од 100 продавници, а успехот на компанијата го обезбедуваат 1.200 вработени кои посветено и професионално ја извршуваат својата работа.

Бараме амбициозни вработени и нудиме возбудливи задачи и проекти во динамична и интернационална средина, и со цел проширување на тимот во сектор сметководство, бараме личност која ќе се придружи на нашиот тим на позиција:

ФИНАНСОВ СМЕТКОВОДИТЕЛ

Ваши задачи:

  • Прием на сметководствени документи за книжење.
  • Усогласување на аналитичка со синтетичка евиденција.
  • Изготвување на периодични пресметки и извештаи за интерни потреби.
  • Следење, усогласување и анализирање на работата во материјално и финансово сметководство.
  • Следење на позитивните законски прописи од сферата на сметководственото работење и негова примена во работењето.
  • Подготвување на финансиска документација за потреби на банки и пополнување на обрасци за нивна потреба.
  • Следење, контрола и координација на сметководственото и финансово работење во Кам Косово и Кам Бугарија,
  • И други работни обврски од доменот на финансово работење по налог на претпоставен.

Вашиот профил:

  • ВСС (високо образование) – пожелно економски факултет;
  • Работно искуство минимум 3 години, пожелно во областа (сметководство).
  • Поседување на лиценца за сметководител ќе се смета за предност.
  • Предност имаат апликанти кои познаваат албански и англиски јазик.
  • Аналитичен, ориентиран кон успех, оптимизација на тек на процеси, Високо развиено чувство за     економичност. 
  • Одлично познавање на програмскиот дел од работењето. 
  • Можност за работа со рокови и под притисок.
  • Способност за разрешување на проблеми. 
  • Одлични интерперсонални и комуникациски способности, пишани и усни за ефикасна интеракција со персоналот и другите одделенија.

Ние Ви нудиме:

  • Обемно воведување во работата со обука која ветува напредок и успех во работата. Интензивно ќе бидете обучувани од ментор и ќе се запознаете со инструменти коишто подоцна ќе Ви бидат потребни при самостојно извршувањето на Вашите деловни задачи
  • Предвидена атрактивна плата + дополнителен бонус зависно од успешноста во извршувањето на работните задачи
  • Исплата на регрес во износ поголем од законски пропишаниот, 
  • Слободен ден за роденден, 
  • Платено приватно здравствено осигурување за вработени кои работат над 2 години во Кам; 
  • Ваучер за склучување на брак; пакет производи за Бадник и Велигден 
  • Попуст за вработени во хотел Вилиџ во Охрид; 
  • Работа во интернационална компанија,динамична работа исполнета со нови предизвици  и стекнување нови искуства и вештини

Доколку сте во потрага за нови професионални предизвици, мотивирани и подготвени за нови успеси, испратете персонална биографија (CV) на следната адреса: КАМ ДОО Персонален оддел ул. 35 бр.39, 1041 Илинден или на E-mail: personal@kam.com.mk

Апликација за работа можете да испратите и преку нашата интернет страница

web: www.kam.com.mk

 

Изборот ќе се изврши во рок од 15 или 30 дена во зависност од бројот на пристигнати апликации.

Само кандидатите кои ги исполнуваат условите ќе влезат во потесниот избор и ќе бидат контактирани.

 

 

Сакаш да те препорачаме кај компаниите?

Слични огласи »

Внеси нов оглас

барај огласи за вработување » барај останати огласи »