БРЕНД-МЕНАЏЕР за реон Битола

  • Објавен на 12.2017
  • АЛГИДА
  • Активен до 27.12.2017
  • Позиција: Останато
  • Локација: Битола
  • Телефон: 047237671

АЛГИДА има потреба од едно лице за работна позиција: БРЕНД-МЕНАЏЕР за реон Битола.

ЗАДАЧИ И ОДГОВОРНОСТИ:

  • Организација, управување и мотивација на вработените, со цел обезбедување на целосна поддршка и квалитетна услуга на купувачите;
  • Постојано следење на пазарот и пазарната позиција на компанијата и нејзината конкуренција.
  • Стратегиско координирање и менаџирање на дневните активности на вработените;
  • Контрола на извршувањето на активностите на комерцијалистите и дистрибутерите на терен;
  • Имплементација на тековните и идните планови на компанијата и развивање стратегии во согласност со истите;

ПОТРЕБНИ КВАЛИФИКАЦИИ:

  • Завршено високо образование
  • Минимум 2 години менаџерско работно искуство на истата или на слична позиција;
  • Одлично познавање на Winodws и MS Office – пакетот;
  • Одлично познавање на англиски јазик; Познавање на друг јазик ќе се смета за предност.
  • Поседување возачка дозвола Б-категорија.

ОЧЕКУВАНИ ВЕШТИНИ И СПОСОБНОСТИ:

  • Високо развиени организациски, лидерски, комуникациски и преговарачки вештини;
  • Самоиницијативност и лојалност во извршување на работните задачи;
  • Ориентираност кон остварување резултати и наоѓање решенија;
  • Способност за развивање иновативни стратегиски решенија за комплексни проблеми и нивно извршување;
  • Професионален и позитивен однос;
  • Способност за тимска работа, како и работа во динамична средина;
  • Иницијативност, аналитичност, енергичност и целосна посветеност на работата;
  • Организираност, одговорност, доверливост.

 

Заинтересираните кандидати да испратат CV со слика и мотивационо писмо на следниот email: vrabotuvanje@algida.mk , најдоцна до 15.01.2018 година.

Слични огласи »

вести · настани · интервјуа · технологија · hr вести · забава · здравје · hr совети · блог
барај огласи за вработување »