За компанијата: Спорт М е компанија основана во 2004-та година со домашен капитал и во моментов работи само на територијата на Република Македонија. Основна дејност на компанијата се увоз, дистрибуција и продажба на спортска...
повеќе за компанијата »Спорт М ДОО Скопје објавува оглас за следната работна позиција:
Маркетинг специјалист
Опис на работни обврски:
- Kомуникација и соработка со надворешни маркетинг агенции
- Креирање на годишен маркетинг и комуникациски план и имплементација на истиот во согласност со зададени деловни цели
- Одлично познавање на алатките за креирање, имплементирање и следење на платени реклами на Мета (Facebook & Insragram)
- Анализа на извештаи за резултати од платените реклами и комуникациските активности
- Следење на конкуренција и подобрување на перформансите на брендот
- Комуникација со надворешни соработници за маркетинг кампањи и промо материјали
- Адаптација на постоечки графички решенија
Квалификации:
- Високо образование во областа на маркетинг
- 3+ години искуство со платени реклами на Мeta
- Познавање на алатките за графички дизајн на Adobe (Illustrator, Photoshop, Indesign)
- Искуство во работа со Google Analytics и Meta Pixel
- Напредно познавање на Microsoft Excel
- Разбирање на различните KPI и метрики кои се користат при мерењето на перформансите на кампањите
- Способност за креативно размислување и смислување иновативни идеи за кампањи
- Темелно разбирање на платформите и технологиите на социјалните медиуми
Услови:
- Тимска работа и позитивна работна атмосфера
- Можност за професионален развој и напредување
- Приватно здравствено осигурување
- Обезбеден превоз до и од работното место
Работно време: понеделник-петок: 08:00-16:00 часот.
Сите заинтересирани кандидати можат да аплицираат со испраќање на CV преку полето за аплицирање.
Кандидатите од потесен избор ќе бидат повикани на разговор со одделот за човечки ресурси.
Слични огласи »