Куќна помошничка - полно работно време

За компанијата: „БЕЈБИСИТИНГ СЕРВИС“е компанија основана со цел на родителите да им овозможи висококвалитетна услуга чување и воспитување на децата. На грижата за децата гледаме како на интерактивен процес со коишто на... повеќе за компанијата »

Куќна помошничка или домаќинка е личност која работи во рамките на домот, односно приватното домаќинство на едно семејство. Домаќинката го одржува домаќинството во целост и му помага на семејство во секојдневните домашни активности. Ангажирање на ваква личност и професија се прави со цел да се опфатат и завршат поголем број на домашни задачи во еден дом, во согласност со индивидуалните потреби и желби на членовите кои живеат во тој простор. Доколку се пронаоѓате во оваа професија пријавете се на огласот и станете дел од нашиот тим.

Секое семејство е индивидуално и има различни потреби согласно на кои се дефинираат и обврските на домаќинката. Клучни одговорности и обврски на домаќинката можат да опфаќаат следно:

  • Припрема и подготовка на оброци: прибавување на продукти за подготовка на оброци, планирање и подготовка на оброци со семејство, евиденција на трошоци за продукти.

  • Одржување на садови: селекција и ставање во машина за садови, вклучување машина за садови и вадење на садови од машина.

  • Одржување на алишта: селекција на алишта за перење, вклучување машина за алишта, распределување на алишта во машина за сушење или друго место каде што се сушат алишта, пеглање.

  • Смукање со правосмукалка и бришење на подови.

  • Бришење прашина и полирање мебел.

  • Чистење на бања.

  • Средување на соби.

  • Отстранување на пајажина од тавани и ѕидови.

  • Одржување на опрема за чистење во хигиенска состојба: правосмукалка, крпи, други помошни средства и опрема да се одржуваат чисти и употребливи.

  • Навремено известување на семејство за потребни материјали, средства и опрема.

  • По потреба јавување и одговарање на телефон.

  • Надгледување и известување на семејство за потребни поправки и измени.

Квалификации и вештини:

  • Основно или средно образование.
  • Препорака од претходни работодавачи.
  • Минимум 2 години претходно искуство како куќна помошничка - домаќинка.
  • Посветеност на работно место и обврските.
  • Соодветна комуникација и професионален однос со семејство.
  • Доколку сте заинтересирани, испратете ја Вашата биографија електронски најдоцна до 28 февруари 2017 година.
  • Сите апликации ќе бидат третирани како доверливи и во согласност со Закон за заштита на лични податоци.

[најави се за да го видиш е-маилот]

[најави се за да го видиш е-маилот]

www.babysittingmk.com

Слични огласи »

вести · настани · интервјуа · технологија · hr вести · забава · здравје · hr совети · блог
барај огласи за вработување »