Оператори за подготовка на линија (Скопје, Велес, Куманово)

За компанијата: Компанијата ЕСИ (Employment Services International) е присутна на пазарот од мај 2007, како агенција за услуги кои се однесуваат на човечките ресурси. Наша цел е да понудиме комплетни решенија за раководење... повеќе за компанијата »

За вработување кај наш реномиран клиент потребни се:

Оператори за подготовка на линија (Скопје, Велес, Куманово)

ЗАДАЧИ:

  • Следење и работа според процедурите за стандардна работа за подготовка на линија и ефективно чистење на производните алатки.
  • Познавање и разбирање на различни видови катализатори и филтри.
  • Користење на матрицата за алатки кои се потребни за подготовка на линија.
  • Чистење на црева кои се користат за транспорт на хемиски премази и алатки кои се користат за нанесување на хемиски премази, чистење на резервоари и дозирачки станици на кое се произведуваат хемиски премази
  • Навремено подготвување на производната линија со потребните алатки за следното производство, проверка на опремата од оштетување, проверка, потпишување и враќање на алатките (опремата) на одредено место со соодветна  документација и количеството на мешавина на вода со хемиски премази.
  • Следење на процедурите за безбедност при работа

БАРАМЕ:

  • ССС – Пожелно да е технички смер
  • Работно искуство во производствена или средина со хемиски процеси ќе се смета за предност
  • Претходно работно искуство со рачен или електричен палетар
  • Познавање на работа со компјутери и англиски јазик
  • Способност да се реагира брзо во зависност од потребите на бизнисот
  • Носење на задолжителна заштитна опрема
  • Следење на процедурите за безбедност и здравје при работа
  • Сменско работење (во три смени)

НУДИМЕ:

  • Солидна плата со надоместоци над законски предвидените износи;
  • Обезбедена храна и превоз од Скопје, Куманово и Велес;
  • Колективно осигурување од незгода 24/7;
  • Приватно здравствено осигурување;
  • Попусти и бенефиции во мрежата на трговци соработници;
  • SportMaster членство;
  • Исплата на бонуси (исполнети таргети) и систем на признанија (Say Thanks program);
  • Можности за посета на обуки и личен професионален развој

Кандидатите кои ги исполнуваат горенаведените квалификации треба да достават своја биографија и да наведат во електронската пошта за која позиција аплицираат.

Апликацијата на која не е наведно работното место нема да се земе во предвид.

Доколку не бидете одбрани за оваа позиција, Вашите биографии ги чуваме во нашата датабаза со можност за повикување на идни соодветни огласи.

Доколку не сакате Вашата биографија да биде сочувана, наведете ја таквата информација во Вашата електронска порака.

Доколку ги исполнувате наведените критериуми, своите биографии испратете ги на [најави се за да го видиш е-маилот] и наведете ја позицијата за која аплицирате.

 

ЕСИ (Employment Services International)

ул. Костурски херои 62/1,1000 Скопје

T: +389 2 3246-899, Ф: +389 2 3246-897
[најави се за да го видиш е-маилот] , www.esi.mk

Сакаш да те препорачаме кај компаниите?

барај огласи за вработување » барај останати огласи »