Издавачки центар ТРИ лого

Комерцијалист – дистрибутер на книги

Плата од 35.000 ден.

За компанијата: Издавачки центар ТРИ е основан на 23 ноември 1999 година. За многу кус период ТРИ се наметнува како мошне сериозен и инвентивен издавач на македонската културна сцена, пред сè поради својата ориентација... повеќе за компанијата »

ОГЛАС ЗА ВРАБОТУВАЊЕ: ТРИ ИМА ПОТРЕБА ОД КОМЕРЦИЈАЛИСТ – ДИСТРИБУТЕР НА КНИГИ

Издавачки центар ТРИ повеќе од две децении е водечка издавачка куќа во Македонија, препознатлива по современа литература, квалитетни изданија и промоција на читањето. Поради проширување на нашиот тим, имаме потреба од комерцијалист – дистрибутер на книги.

Доколку си комуникативна, организирана и проактивна личност која ужива во работа со луѓе, продажба и теренски активности, те покануваме да ни ја испратиш својата биографија.

Опис на работната позиција:

  • Дистрибуција и испорака на книги до книжарници, продажни места и деловни партнери
  • Одржување и унапредување на соработката со постојните клиенти и продажни места
  • Посета на продажни локации и следење на потребите на клиентите
  • Презентација на новите изданија и продажни акции на ТРИ
  • Пронаоѓање и развивање нови продажни канали и деловни партнери
  • Следење на залихите кај клиентите и навремено предлагање дополнителни нарачки
  • Преземање и предавање на документација поврзана со испораките и продажбата
  • Комуникација и координација со останатите сектори во компанијата
  • Одговорно, професионално и навремено извршување на работните задачи

Потребни квалификации:

  • Работно искуство во продажба, дистрибуција или работа со клиенти ќе се смета за предност
  • Познавање на работа со компјутер (MS Office)
  • Возачка дозвола Б категорија
  • Активен и сигурен возач
  • Високо образование ќе се смета за предност

Потребни способности и вештини:

  • Одлични комуникациски и преговарачки способности
  • Изразена ориентираност кон продажба и постигнување резултати
  • Самоиницијативност и проактивен пристап кон работата
  • Одлични организациски способности
  • Способност за самостојна работа и работа во тим
  • Одговорност, точност и професионалност

Работно време: 08:30 – 16:30 часот (понеделник – петок)

Локација: Општина Аеродром

Почетна плата: 38.000 денари

Својата биографија можете да ја испратите на: [најави се за да го видиш е-маилот]

Ќе бидат контактирани само кандидатите кои ќе влезат во потесен избор.

Слични огласи »

вести · настани · интервјуа · технологија · hr вести · забава · здравје · hr совети · блог
барај огласи за вработување »