Магацински работник

За компанијата: Компанијата ЕСИ (Employment Services International) е присутна на пазарот од мај 2007, како агенција за услуги кои се однесуваат на човечките ресурси. Наша цел е да понудиме комплетни решенија за раководење... повеќе за компанијата »

ЕСИ (Employment Services International) за потребите на водечка Компанија од областа на производство на леб заради зголемен обем на работа, има потреба од:

МАГАЦИНСКИ РАБОТНИК ВО МАГАЦИН ЗА БРАШНО  (Аеродром,Скопје)                                                                   

Потребни квалификации:

  • ССС – Средна стручна спрема;
  • Претходно работно искуство ќе се смета за предност, но не е задолжително;
  • Способност за работа под притисок;
  • Добра психофизичка подготвеност.

Опис на работните задачи:

  • Врши утовар и растовар на стоката во магацинот;
  • Врши редење, складирање на производите според работниот распоред, работните процедури и дадените упатства;
  • Врши манипулативни работи во магацинот (чистење и транспорт со прирачни средства);
  • Се грижи стоката да биде наредена и во исправна состојба на соодветно наменети палети и во соодветна амбалажа;
  • Финансиски и материјално е одговорен за суровините, производите и амбалажата;
  • Ја одржува хигиената во просториите каде што работи;
  • Извршува работи и работни задачи кои произлегуваат од системот за квалитет и безбедност на храна;
  • Извршува и други работи и работни задачи по налог на претпоставениот;
  • За својата работа одговара пред Главниот магационер и супервизорот за магацин.

Нудиме:

  • Време на вработување: на определено време со можност за продолжување;
  • Работна недела: 40 часа неделно;
  • Работно време од понеделник до сабота по 6часа и 40 минути, со почеток од 07.00 часот наутро.
  • Основна нето плата:18.000,00 ден.

Доколку ги исполнувате наведените критериуми, своите биографии испратете ги на [најави се за да го видиш е-маилот] и наведете ја позицијата за која аплицирате.

Ќе бидат контактирани сите кандидати, кои ги исполнуваат општите услови за работа.

ЕСИ (Employment Services International)

ул. Костурски херои 62/1,1000 Скопје

T: +389 2 3246-899, Ф: +389 2 3246-897
[најави се за да го видиш е-маилот] , www.esi.mk

Сакаш да те препорачаме кај компаниите?

барај огласи за вработување » барај останати огласи »