Референт за продажба

За компанијата: Компанијата ЕСИ (Employment Services International) е присутна на пазарот од мај 2007, како агенција за услуги кои се однесуваат на човечките ресурси. Наша цел е да понудиме комплетни решенија за раководење... повеќе за компанијата »

Нашиот реномиран клиент ДБ Шенкер е глобален работодавач. Како транспортна и логистичка дивизија на Германските железници (Deutsche Bahn) тие организираат транспорт на стока и проекти во целиот свет, преку нивните 2000 локации во 130 земји. Во ДБ Шенкер, Вие сте дел од глобална логистичка мрежа која го поврзуа светот. Мрежа која Ви овозможува да ја обликувате Вашата кариера охрабрувајќи Ве да придонесувате и да направите промени. Вработените ги бираат врз основа на нивното искуство, перспективи, способности и вештини.

Заради проширување на тимот за продажба и маркетинг, потребен е:

Референт за продажба

(Field Sales Representative)

Опис на работни задачи:

  • Активна, редовна, телефонска и лична продажба
  • Активна соработка при извршување на планираните активности
  • Евидентирање на извештаите во системот за управување со клиенти (CRM)
  • Прибирање информации за нови и постоечки клиенти и пазари
  • Грижа за клиенти
  • Согледување/Истражување на пазарот
  • Учество во состаноците на Продажба
  • Учество на настани на клиенти
  • Редовни извештаи со Раководителот на продажба

Вашиот профил:

  • Искуство во продажба во индустријата за транспорт и логистика
  • Солидно познавање на пазарот и услугите за транспорт и логистика
  • Диплома за завршено високо образование
  • Поседување на возачка дозвола Б категорија
  • Одлично познавање на англиски јазик
  • Одлични компјутерски вештини за Microsoft Office пакетот

Вашите вештини и способности:

  • одлични комуникациски вештини
  • тимски ориентирана личност
  • силна посветеност на работата
  • желба за постигнување на високи резултати и нови достигнувања
  • желба за придонес во развојот на одделението и компанијата
  • одговорност, организираност
  • одлични презентерски вештини

Нашата понуда:

  • работа во глобална компанија, една од најуспешните во светот на транспорт и логистика
  • фиксно работно време (понеделник-петок, 08-16 часот)
  • организиран превоз до/од работа
  • привлечна плата и бенефиции
  • можност за развој во рамки на компанијата, локално и глобално
  • обуки за личен и компаниски развој
  • одлична работна средина и тим за работа

Заинтересирани сте? Со нетрпение ја очекуваме Вашата апликација. Ве замолуваме испратете ја Вашата биографија на [најави се за да го видиш е-маилот] и или аплицирајте директно на www.esi.mk .

 

ЕСИ (Employment Services International)

ул. Костурски херои 62/1,1000 Скопје
T: +389 2 3246-899, Ф: +389 2 3246-897

 rabota@esi.mk, www.esi.mk

Сакаш да те препорачаме кај компаниите?

барај огласи за вработување » барај останати огласи »