Одговорен за човечки ресурси

За компанијата: Офис Плус е водечка компанија во Македонија за продажба и дистрибуција на канцелариски материјали, ИТ, канцелариски мебел, промоција, патни торби и училишна опрема. Компанијата работи на сите канали на... повеќе за компанијата »
  • Објавен пред една недела
  • Офис Плус ДООЕЛ
  • Активен до 14.04.2021
  • Позиција: Останато
  • Локација: Скопје

Активни огласи од Офис Плус ДООЕЛ:

Возач - Магационер / Спремач на артикли

Офис Плус, Водечка компанија во Македонија за продажба и дистрибуција на канцелариски материјал, ИТ, канцелариски мебел, промоција, патни торби и училишна опрема, 

Има потреба да вработи:

ОДГОВОРЕН ЗА ЧОВЕЧКИ РЕСУРСИ

Одговорности и задачи:

  • Креирање и објава на огласи за вработување
  • Примарна селекција и извршување на интервјуа
  • организација и спроведување на  процес на вработување на нови кадри (административен процес)
  • водење на целокупната документација согласно ЗРО (решенија, одлуки, годишни одмори, боледувања итн.)
  • подготовка, изработка и имплементација на одредби на оддели, описи на работни места и интерни процедури на компанијата
  • подготовка на плата
  • воведување на нововработени во професионалните стандарди и процедури на компанијата ;

Потребни квалификации:

  • ВСС  ( Економски, Правен , Факултет од областа на човечки ресурси) 
  • Задолжително работно искуство од минимум 3 години
  • Напредно ниво на познавање на работа на компјутер (Ms Office, Internet)
  • Познавање на работа со софтвери од областа на човечки ресурси
  • Пожелно познавање на Пантеон, но не е задолжително

Профил на личност:

  • Одлични комуникациски и организациски вештини
  • Организираност, одговорност, лојалност и ориентираност кон цели
  • Самоиницијативност при извршување на работните задачи
  • Способност за тимска работа
  • Способност за работа под притисок

Испратете ваша биографија (CV) и мотивационо писмо, на e-mail: [email protected],

Доколку сакате предизвик, лесно се прилагодувате, одговорни сте, имате позитивен и професионален пристап кон работата и желни сте за стекнувања нови знаења, но и за споделување на своите досегашни искуства, тогаш Вие сте нашиот идеален кандидат!

Испратете кратка биографија на [email protected] со назнака „Одговорен за човечки ресурси”

и очекувајте да Ве повикаме на преелиминарно интервју!

Само одреден број на селектирани кандидати ќе бидат известени и повикани на тестирање и разговор.

Со испраќањето на вашето CV дозволувате истото да се чува и за намена вработување на исти и слични работни позиции.