Бренд Амбасадор - Супер Диет

За компанијата: Зегин ДОО е првата приватна компанија во Република С. Македонија регистрирана за продажба на лекови. Како една од најуспешните и најголемите компании кај нас, со најдобра инфраструктура и најголема дистрибутивна... повеќе за компанијата »

ЗЕГИН е првата приватна компанија во Република Македонија регистрирана за продажба и производство на лекови. Како една од најуспешните и најголемите компании кај нас, со најдобра инфраструктура и најголема дистрибутивна мрежа, секогаш сме во потрага по талентирани и компетентни лица кои сакаат да станат дел од нашето професионално семејство. Со цел зајакнување на  нашиот бренд  Супер Диет, имаме потреба од вработување на следната позиција:

 

БРЕНД АМБАСАДОР – СУПЕР ДИЕТ

За брендот:

Супер Диет е француска фармацевтска компанија основана во 1961 одина, која е специјализирана за додатоци во исхраната и органска хербална медицина. Нашите лаборатории формулираат, произведуваат и продаваат таблети, капсули и ампули за орална употреба... http://www.superdiet.fr

 

 

Клучни задачи и одговорности

  • Преглед и анализа на уделот од пазарот;
  • Познавање и истражување на пазарниот интерес за брендовите
  • Истражување и мониторинг на конкуренција
  • Развивање и унапредување на продажните процеси и цели на компанијата
  • Секојдневна комуникација со постоечките купувачии и редовна посета на терен
  • Идентификување на потенцијални области за ширење на пазарот согласно потребите на потрошувалите и нивните навики
  • Развој на промотивни програми

 

 

Потребни компетенции:

  • Технолошки Факултет – прехрамбена насока или Природно Математички Факултет– отсек Биологија (познавање од областа на нутриционизмот ќе се смета за предност)
  • Одлично познавање на MS Office
  • Одлично познавање на Англиски јазик (познавање и на Француски јазик ќе се смета за предност)
  • Способност за работа под притисок и кратки рокови
  •  Проактивност и способност за работа во тим
  • Искуство од најмалку 1 година на иста или слична позиција
  • Возачка дозвола Б категорија

 

 

 

Ако сте енергични, храбри и полни со ентузијазам за личен развој и напредување, како и професионални компетенции за успешно да работите во областите наведени погоре, Ве молиме испратете пропратно писмо и биографија на Македонски и Англиски јазик со назнака Бренд Амбасадор – Супер Диет на [најави се за да го видиш е-маилот] во рок од 7 дена од објавување на огласот. Само кандидатите кои во целост ги исполнуваат критериумите ќе бидат контактирани.

 

Сакаш да те препорачаме кај компаниите?

Внеси нов оглас

барај огласи за вработување » барај останати огласи »