Проектант-Градежен инженер

Друштвото за Дистрибуција на топлина Балкан Енерџи ДООЕЛ- Скопје поседува лиценца за дистрибуција на топлинска енергија  и има потреба од вработување на 1 (едно) лице, за пополнување на позицијата:

 

Проектант – Градежен инженер

 

Задачи и одговорности:

 

  • Изработка на градежниот дел на проектот за топловодната мрежа кој се состои од: изработка на ситуациони и нивелациони решенија, изработка на кофражи, арматурни планови, спецификација за потребна арматура, челични детали, спецификација на потребен челик и  предмер за градежни работи 
  • Дефинирање на нивелети на проектираните топловоди,  статички и сеизмички анализи, димензионирање на армиранобетонски и челични конструкции или елементи
  • Го координира геодетското мерење на предвидената идејна траса
  • Врши проектантски надзор при изведба на изработени проекти и технички решенија
  • Врши контрола на извршената предмер пресметка за предвидената градежна траса или учествува во истата
  • Одговорен е за подготовка на документацијата за добивање на градежна дозвола за изведба на проектот чиј инвеститор е Друштвото
  • Проектантот е должен проектот да го изработи согласно со стандардите и нормативите за проектирање и истиот е одговорен за усогласеноста на проектите со условите за градење

 

Критериуми за избор:

 

  • Степен на образование 7,1 ВСС – Градежен факултет – конструктивна насока
  • Вработување на определено време од 6 месеци- замена на работник на породилно отсуство со можност за продолжување,  
  • Работно искуство минимум 3 (три ) година,
  • Возачка дозвола Б категорија,
  • Овластување “Б” за проектирање на градби,
  • Познавање на англиски јазик
  • Работа со компјутери и познавање на : MS Office, Auto CAD, ArmCAD, TOWER
  • Работно време 40 часови неделно,
  • Работникот ќе работи 08:00-16:00,
  • Основна плата: 32.000,
  • Избор по пат на тестирање.

 

Конкурентска предност за работната позиција:

 

  • Желба за работа во средина со високи барања
  • Одлични аналитички, комуникациски и организаторски способности
  • Динамичност, ефективност и ефикасност
  • Флексибилност и адаптибилност
  • Посветеност, мотивираност, иницијативност
  • Тимска работа и кооперативност
  • Решавање на проблеми

 

Заинтересираните кандидати можат да се пријават со доставување на писмо за интерес и биографија, а во предвид ќе бидат земени сите пријави со биографии доставени само на начин:

Електронски:

Message to:  [најави се за да го видиш е-маилот]

Subject:  Пријава: За работно место  ,,Проектант – Градежен инженер,,

По пошта:

Дистрибуција на топлина Балкан Енерџи ДООЕЛ- Скопје,

Ул. „Лондонска“ бр. 8   , 1000 Скопје

Пријава: за работно место ,,Проектант – Градежен инженер,,

 

Рокот за пријавување е 5  дена од денот на објавување. Изборот на кандидатите ќе биде извршен во законски определениот рок: до 200 кандидати - 45  дена, до 500 – 90 дена и над 500 – 120 дена, по изминување на рокот за пријава. Сите пријави кои ќе пристигнат по наведениот рок  нема да бидат земени во предвид. Лице за контакт: Јагода Петрова, тел. 02/5514026.

 

Слични огласи »

вести · настани · интервјуа · технологија · hr вести · забава · здравје · hr совети · блог
барај огласи за вработување »