Специјалист за Дигитален Маркетинг

За компанијата: Основана во 2000 год., Фибула Ер Травел брзо го постигна својот огромен успех во областа на туризмот како дел од големата меѓународна групација на Фибула Ер Травел со главно седиште во Анталија, Турција.... повеќе за компанијата »

Активни огласи од Фибула Ер Травел Дооел:

Punëtor turistik - Shkup - Туристички работник - Скопје

Во потрага сме по специјалист за дигитален маркетинг кој ќе се придружи на нашиот динамичен тим и ќе ни помогне да ја зајакнеме нашата маркетинг стратегија, со фокус на дигитални платформи, промоции и креативни кампањи.

Одговорности

  • Креативност, самоинцијативност и одговорност во сите аспекти на работата.
  • Планирање, координирање и спроведување на маркетинг кампањи.
  • Управување со содржина за социјалните медиуми (Instagram, Facebook, LinkedIn).
  • Одржување и ажурирање на веб-страницата на компанијата.
  • Креирање и дизајнирање маркетинг материјали (промотивни флаери, банери, постери, билборди и слично).
  • Уредување на кратки промотивни видеа и мултимедијална содржина за социјални медиуми.
  • Анализа на ефективноста на маркетинг активностите и подготовка на извештаи.
  • Истражување на пазарот и трендовите за подобрување на маркетинг стратегијата.
  • Познавње на алатки за рекламирање на социјалните медиуми (Meta Ads Manager за Facebook и Instagram).
  • Познавње на алатки за видео креативи (Adobe Premiere и Adobe After Effects).
  • Создавање и испраќање на Newsletter-и за редовна комуникација со клиентите и промоција на нови понуди.
  • Креирање и управување со Вибер кампањи за директна комуникација со корисниците и засилување на маркетинг стратегиите.
  • Комуникација и соработка со партнерски компании и агенции.
  • Помош и асистенција на колегите кога се во потреба, со цел обезбедување на успешен тимски работен процес и постигнување на заедничките цели.

Квалификации

  • Искуство во маркетинг или слична улога (најмалку 2 години е предност).
  • Напредно познавање на Adobe Photoshop и Adobe Illustrator (задолжително).
  • Познавање на алатки за дигитален маркетинг (Google Analytics, Facebook Ads).
  • Вештини за уредување видеа (Adobe Premiere, Adobe After Effects, Final Cut Pro или слични алатки
  • Вештини за пишување и креирање содржина на македонски и англиски јазик.
  • Способност за работа во тим и управување со повеќе проекти истовремено.
  • Креативност, аналитички пристап и внимание на детали.

Сертификати и/или Лиценци

  • Сите сертификати и/или лиценци ќе бидат разгледани со внимание и ќе бидат сметани како предност при процесот на селекција.

Ви нудиме

  • Работење во позитивна и динамична средина.
  • Можности за професионален развој и обука.
  • Конкурентна плата со бонуси според резултатите.

Заинтерирани сте?

Ве молиме испратете го Вашето CV и портофлио на [најави се за да го видиш е-маилот]

Сакаш да те препорачаме кај компаниите?

Слични огласи »

Внеси нов оглас

вести · настани · интервјуа · колумни · технологија · хороскоп · hr вести · hr совети · блог
барај огласи за вработување » барај останати огласи »