Стручен соработник за правни работи

Друштвото за Дистрибуција на топлина Балкан Енерџи ДООЕЛ- Скопје поседува лиценца за дистрибуција на топлинска енергија и има потреба од вработување на 1 (едно) лице, динамично и мотивирано да работи во мултидисциплинарна работна средина за пополнување на позицијата:

Стручен соработник за правни работи

Задачи и одговорности

 

  1. Го застапува Друштвото пред надлежниот суд и пред другите надлежни органи и ги изработува сите документи и дописи кои се врзани со постапките пред надлежниот суд и надлежните органи, кои Друштвото ги има поведено или се поведени против него;
  2. Кумуницира со надлежните државни органи и ги превзема сите активности  потребни за   извршување на работите пред надлежните државни органи согласно законските процедури и прописите, сврзани со работите и задачите на Друштвото;
  3. Го следи законодавството и другите прописи и информира за нивното влијание врз работењето на Друштвото;
  4. Ги  изготвува општите акти на Друштвото во согласност со законската и друга регулатива;
  5. Ги подготвува договрите за потребите на Друштвото и дава мислење по однос на примените договри доставени од страна на деловните партнери на Друштвото и надлежните органи со кои има потреба од склучување на договори;
  6. Организира навремено архивирање на завршените предмети, нивно средување, чување и уништување согласно важечките прописи за канцелариско и архивско работење;
  7. Дава одговори по однос на стигнати барања од странки;
  8. Изготвува предлог одговор на дописи од странки приемни во архивата на Друштвото.
  9. Изработува месечни извештаи за извршените работни задачи;
  10. Изготвува упатства, прегледи и други акти и мислења по задолжение на раководителот на работната единица;
  11. Кумуницира, поднесува и ги подигнува сите потребни документи од Општините во Градот и во Градот Скопје, кога е потребно да се изврши санација на дефект, реконструкција или изградба на нов вреловод;

 

Критериуми за избор

  • Степен на образование – 7.1 - ВСС - Правен факултет – со положен правосуден испит
  • Вработување на определено време од 6 месеци – за замена на вработена на породилно отсуство
  • Со работно искуство минимум 2 години
  • Возачка дозвола “Б” категорија
  • Работно време 40 часови неделно
  • Работникот ќе работи од  08–16 часот  
  • Основна нето плата – 27.000 денари

Заинтересираните кандидати можат да се пријават со доставување на писмо за интерес и биографија а во предвид ќе бидат земени сите пријави со биографии доставени само на начин:

Електронски:

Message to:  [најави се за да го видиш е-маилот]

Subject: Пријава: Стручен соработник за правни работи

 

 

По пошта:

Дистрибуција на топлина Балкан Енерџи ДООЕЛ- Скопје,

Ул. „Лондонска“ бр. 8   , 1000 Скопје

Пријава: Стручен соработник за правни работи

Рокот за пријавување е 5  дена од денот на објавување. Изборот на кандидатите ќе биде извршен во законски определениот рок: до 200 кандидати - 45  дена, до 500 - 90 дена и над 500 - 120 дена, по изминување на рокот за пријава. Сите пријави кои ќе пристигнат по наведениот рок  нема да бидат земени во предвид.

Лице за контакт: Јагода Петрова, тел. 02/5514-026.

 

 

 

Сакаш да те препорачаме кај компаниите?

барај огласи за вработување » барај останати огласи »