Back office

За компанијата: Еазу Фајнанс АД е Финансиско Друштво основано 2018та година во Република Македонија. Компанијата е насочена кон пазарот на брзи кредити и е еден од лидерите. Знаеме дека секој заслужува почит и разбирање... повеќе за компанијата »

Финасиско друштво Еазу Фајнанс ДООЕЛ Скопје е небанкарска финансиска институција која нуди различни производи од микокредитирање, хипотекарно кредитирање и факторинг.

Во насока на наш постојан развој и раст, се стремиме да интегрираме иновативни услуги кои се во чекор со неверојатно брзиот развој на дигиталниот свет.

Поради зголемување на обемот на работа, бараме личност за проширување на нашиот тим како

Специјалист за оперативно работење

Позицијата вклучува:

  • Секојднавна работа во CRM (искуство во CRM се смета за предност). Преглед, корекција и развој на нови процеси
  • Креирање и координација на маркетинг активности, водење социјални медиуми (Fb, Google ad, Google analytics, SEO)
  • Развој и имплементација на нови кредитни производи и услуги 
  • ИТ познавања и искуство со имплеметација на софтверски решенија, развиени комјутерски вештини Google Drive, Excel, Word, Outlook
  • Евиденција, внесување и водење на уплати и исплати на кредити
  • Секојдневни административно – технички задачи во координација со останатиот тим
  • Развој и унапредување на продажба и наплата 
  • Анализа на пазарот
  • Анализа на податоци
  • Дневни, неделни и месечни извештаи

Идеалниот кандидат поседува:

  • Високо образовение (предност Економски Факултет или ИТ)
  • Работно искуство во финансиско друштво (банка) во продажба, наплата и back office се смета за предност
  • Покажана способност за извршување на работни функции во согласност со процедурите и политиките на организацијата
  • Аналитички мислител со одлично решавање на проблеми, истражување, дијагностичка и тимска работа
  • Самоиницијативен со способност и желба да бара решенија за сложени проблеми
  • Демонстрирани силни вербални и писмени вештини за комуникација, вештини за услуги на клиенти и вештини за самостојно управување. Ефикасно да ги разбере и преведе барањата на корисниците во активности и испораки
  • Способност за ефективна интеракција со сите нивоа на организацијата на професионален и одговорен начин во секое време
  • Задолжително  е да сакаш да учиш, истражуваш. Да си личност која е љубопитна, мултикастинг, снаодлива, со безброј идеи, прашања и сугестии. Се останато ќе научиш тука.

Што ти нудиме?

  • Обука за работното место
  • Одлична работна атмосфера
  • Современа и најнова технологија
  • Можност за напредување
  • Работно време од понеделник до петок од 9 до 17ч

Ние сме победници!

Играме како тим!

Од тебе очекуваме:

  • Да носиш одлуки и да решаваш проблеми засновани на податоци
  • Да бидеш одговорен и да превземеш одговорност
  • Да тестираш и научиш, да правиш грешки, но повторно да се обидеш
  • Да почитуваш, разбираш и помагаш во тимот

Доколку сметате дека сте вистински кандидат кој може да му се приклучи на нашиот тим,

Ве молиме испратете Ваша биографија и мотивациско писмо на  [најави се за да го видиш е-маилот]

Сакаш да те препорачаме кај компаниите?

барај огласи за вработување » барај останати огласи »