
АПАВЕ СЕЕ е компанија која се занимава со услуги кои опфаќаат техничка инспекција и Испитување без разорување во сектор на нафтената индустрија (Oil & Gas). Нашиот кадар на вработени опфаќа круг на специјализирани инженери кои работат на проекти (техничка инспекција) претежно низ Европа, Западна Африка и Југоисточна Азија.
АПАВЕ има потреба од:
Комерцијалист/Магационер кој ќе се придружи на нашиот тим во Одделот за Логистика (раководење и одржување на опремата со која се служат инспекторите при техничка инспекција на меѓународно ниво).
Потребни квалификации:
- Техничко образование,
- Одличен англиски јазик (говорен и пишан), познавање на француски јазик би било предност,
- Задолжително познавање на компјутери (MS Office),
- Возачка дозвола Б категорија.
Како предност ќе се сметаат:
- Работното искуство во областа на одржување на опрема за техничко испитување,
- Искуството во логистика (набавка и транспорт на опрема),
- Интернационална комуникација.
Сите заинтересирани треба да испратат кратка биографија до: [најави се за да го видиш е-маилот]
Успешните кандидати ќе бидат најпрво повикани на иницијален разговор и тестирање на основните познавања во својата професија.
Машински Инженери и Техничари
АПАВЕ има потреба од Машински инженери и Техничари со следните квалификации:
- Завршено високо образование (Машински Факултет) ќе се смета за предност,
- Одлично познавање на Англиски јазик,
- Високи комуникациски способности и подготвеност за работа надвор од Македонија на подолг временски период,
- Физичка и психичка способност за работа на висина.
Предност ќе имаат и кандидатите со претходно искуство при испитување без разорување, техничка контрола, QAQC, управување со системи за квалитет итн.
Сите заинтересирани треба да испратат кратка биографија до: [најави се за да го видиш е-маилот]
Успешните кандидати ќе бидат најпрво повикани на иницијален разговор и тестирање на основните познавања во својата професија.
Слични огласи »