Друштвото за ревизија ПКФ ЕФП ДОО има потреба од: Асистент ревизор
Вистинскиот кандидат за оваа позиција е внимателен кон детали, проактивен, флексибилен и доверлив.
Опис на работното место:
- Извршува тестови на детали и суштински постапки
- Извршува задачи согласно работни програми
- Деловна комуникација со клиенти
- Изработка на анализи и извештаи
- Помага во дизајнирањето, спроведувањето и одржувањето на процедурите и процесите за проценка на ризикот
- Останати административни активности
Профил на кандидат:
- Образование: ВСС- Економски Факултет, отсек Сметководство и ревизија
- Познавање на англиски јазик и MS Office
- Познавање од областа на сметководството и ревизијата
- Со и без работно искуство
Меки вештини кои треба да ги поседува кандидатот:
- Организациски и аналитички способности
- Способност за работа со голем обем на информации
- Способност за работа во динамично опкружување
- Комуникативност и доверливост
- Желба за учење и развој
- Почитување на рокови и одговорност
Услови кои ги нуди компанијата:
- Можност за напредување
- Обука на кандидатот (интерни и екстерни)
Вашата професионална биографија Ве молиме да ја испратите на [најави се за да го видиш е-маилот]
Слични огласи »