Винер Лајф лого

Овластено лице за Спречување на перење пари и финансирање на тероризам

За компанијата:

Акционерско друштво за осигурување ВИНЕР ЛАЈФ - Виена Иншуренс Груп Скопје.

повеќе за компанијата »

Овластено лице за Спречување на перење пари и финансирање на тероризам

Квалификации:

  • BCC
  • Минимум 2 години работно искуство како АМЛ офицер,  Правник или Compliance офицер;
  • Предност ќе имаат кандидатите кои што имаат познавање и искуство со Спречување перење пари и финансирање на тероризам;
  • Висока мотивираност;
  • Активно познавање на работа со компјутери (MS Office и други соодветни програми);
  • Способност за изнаоѓање на ефикасни практични решенија;
  • Комуникативност;
  • Ефикасна орална и писмена комуникација;
  • Способност за тимска работа во динамична средина;
  • Познавање на англиски јазик;
  • Упорност;
  • Иницијативност;
  • Подготвеност за работа во рокови;
  • Работното место се однесува за Скопје.

Опис на работното место:

  • Работи согласно законските и подзаконските прописи за спречување на перење пари и финансирање на тероризам, вклучително и рестриктивните мерки;
  • Врши анализа на клиентите;
  • Врши анализа на ризик и индикаторите за анализа на ризикот;
  • Врши анализа на препознавање на невообичаени трансакции и сомневање за перење пари и финансирање на тероризам;
  • Врши проценка на ризикот на носител на јавна функција;
  • Изготвува процедура за чување на податоци и документи и процедура за доставување на извештаи до Управата за финансиско разузнавање;
  • Изготвува план за постојана обука на вработените за спречување на перење пари и финансирање на тероризам која обезбедува реализација на најмалку две обуки во текот на годината;
  • Учествува во спроведување на Програмата и применливите прописи за спречување на перењето на пари и други приноси од казниво дело и финансирање на тероризам во работењето на Друштвото и остварување непосредни контакти со Управата;
  • Контактира и ја спроведува  соработка на Друштвото со Управата за финансиско разузнавање;
  • Изготвува процедура и план на вршење на внатрешна контрола и ревизија на спроведување на мерките и дејствијата;
  • идентификација и евалуација на ризиците поврзани со работите што се извршуваат во Секторот, анализа на ризиците, евалуација на соодветноста на контролите поврзани со овие ризици, како и идентификација и евалуација на мерките за ублажување на ризикот;
  • извршување останати активности од доменот на Секторот за спречување на перење пари и финансирање на тероризам;

Работната позиција е на неопределено време;

Износот на месечната нето плата зависи од квалификациите и стручноста на кандидатот;

Условите за вработување се засноваат на правичен и еднаков принцип за сите кандидати без полова, расна, верска или каква било друга дискриминација.

Со испраќањето на Вашите лични податоци, изразувате согласност тие да се користат за потребите на сопственото работење на осигурителното друштво ВИНЕР ЛАЈФ-Виена Иншуренс Груп АД Скопје согласно со Законот за лични податоци.
Ве молиме Вашата кратка биографија (CV) да ја испратите со задолжителна назнака на апликацијата: “Овластено лице за Спречување на перење пари и финансирање на тероризам“ на следнава e-mail адреса: [најави се за да го видиш е-маилот] најдоцна до 3.11.2023 година.

Апликациите ќе се разгледуваат сукцесивно како што ќе пристигнат.
Селектираните кандидати ќе бидат поканети на интервју.


*НАПОМЕНА: 
Непотполните апликации нема да бидат земени во предвид.
Tимот на ВИНЕР ЛАЈФ ОСИГУРУВАЊЕ ви стои на располагање за било какви дополнителни прашања кои може да ги испраќате на истата адреса за е-пошта.

Слични огласи »

вести · настани · интервјуа · технологија · hr вести · забава · здравје · hr совети · блог
барај огласи за вработување »