СПЕЦИЈАЛИСТ ЗА ПРОТИВПОЖАРНА ЗАШТИТА (М/Ж)

За компанијата: Електродистрибуција ДООЕЛ Скопје е компанија чија главна дејност е дистрибуција на електрична енергија. Компанијата е дел од EVN групацијата. ЕЛЕКТРОДИСТРИБУЦИЈА вработува професионалци од различни... повеќе за компанијата »

Активни огласи од ЕЛЕКТРОДИСТРИБУЦИЈА ДООЕЛ Скопје:

Електродистрибуција - идни генерации

Електродистрибуција ДООЕЛ е компанија чија главна дејност е дистрибуција на електрична енергија во Република Северна Македонија. Компанијата е дел од групацијата ЕВН. 

 

КАРИЕРА ВО ЕЛЕКТРОДИСТРИБУЦИЈА 

 

За oдделот Управување со објекти и логистика, Група градежни работи и услуги,  потребен/а е: 

 

СПЕЦИЈАЛИСТ ЗА ПРОТИВПОЖАРНА ЗАШТИТА (М/Ж) 

 

Работни задачи: 

  • Подготовка на проекти за противпожарна заштита (ППЗ), и учество во кординација при проекти за подобрување на ППЗ 
  • Подготовка и контола на спроведување на периодични проверки на техничка опрема и средства за гасење пожари и дојава на пожар од страна на овластени фирми согласно со техничките нормативи, стандарди и упатства на производителите 
  • Издавање работни налози и проверка на извршени работи на овластени надворешни фирми и соработници одговорни за одржување и сервисирање на опремата и инсталациите за ППЗ 
  • Планирање, набавка, одржување и попис на ПП опрема и инсталација 
  • Подготовка на тендери и учество при проверка на понуди и доделување на тендер во врска со ППЗ и заштита и спасување (ЗС) 
  • Следење на прописи и регулатива поврзана со ППЗ и ЗС 
  • Учество при подготовка на документација што произлегува од Законот за заштита и спасување 
  • Работата ќе се извршува на објекти на ЕВН Македонија на цела територија на државата со постојано работно место во Скопје 

 

Потребни квалификации:

  • VII степен високо образование (Дипломиран Инженер за заштита од пожар) 
  • Возачка дозвола Б категорија 
  • Релевантно работно искуство минимум 5 години 
  • Компјутерски познавања Microsoft Office Software пакет 
  • Познавање на странски јазик (англиски, германски) 
  • Одговорност, тимска работа, комуникативност и флексибилност 

 

Доколку сте заинтересирани за кариера во Електродистрибуција, на [најави се за да го видиш е-маилот] испратете куса биографија и мотивационо писмо, најдоцна до 20.03.2019

 

Напомена: Доколку сакате Вашите податоци да бидат зачувани во нашата база на податоци согласно Законот за заштита на лични податоци, покрај биографијата и мотивациското писмо треба да испратите и изјава за дозвола за користење на лични податоци за потребите за вработување.  

 

Електродистрибуција е компанија која нуди еднакви можности и правичен третман при вработување на сите лица без оглед на нивната раса, пол, религија, национална припадност, вид на попреченост или политичка припадност.

Сакаш да те препорачаме кај компаниите?

барај огласи за вработување » барај останати огласи »