Агент за грижа на корисници

За компанијата: Компанијата ЕСИ (Employment Services International) е присутна на пазарот од мај 2007, како агенција за услуги кои се однесуваат на човечките ресурси. Наша цел е да понудиме комплетни решенија за раководење... повеќе за компанијата »

ЕСИ (Employment Services International) за потребите на свој реномиран клиент, објавува оглас за работна позиција:
 
АГЕНТ ЗА ГРИЖА НА КОРИСНИЦИ (М/Ж)

РАБОТНИ ЗАДАЧИ И ОДГОВОРНОСТИ:

  • Управува со сите влезни и излезни повици од клиенти и потрошувачи, ги адресира и решава нивните барања и ги препраќа на повисоко ниво доколку има потреба;
  • Изготвува налази за нарачки од влезни и излезни повици, нуди производи од портфолиото на компанијата, ги информира клиентите и потрошувачите за цени и го поддржува тимот за продажба во креирањето на нарачки;
  • Управува со барањата од внатрешни и надворешни клиенти и потрошувачи согласно ,, front office’’ процедурите;
  • Обезбедува лична посветеност и превзема акција за континуирано подобрување на процесите и системот;
  • Работната група ја адаптира кон песпрекорна поддршка согласно системот, корпоративните иницијативи и најдобрите внатрешни практики. 

ПОТРЕБНИ КВАЛИФИКАЦИИ, ВЕШТИНИ И СПОСОБНОСТИ:

  • Завршено ССС/ВСС;
  • Претходно работно искуство на иста позиција од најмалку 1(една) година;
  • Одличен однос кон потрошувачи и клиенти;
  • Одлични вербални и писмени комуникациски вештини;

НУДИМЕ:

  • Можен почеток со работа: 01.04.2022 год.;
  • Обезбедена обука од страна на работодавачот;
  • Годишен одмор согласно 3РО;
  • Сезонско вработување во времетраење од 6 (шест) месеци;
  • Солидни и навремени месечни примања;

 
Доколку ги исполнувате наведените критериуми, своите биографии испратете ги на [најави се за да го видиш е-маилот] и наведете ја позицијата за која аплицирате.
 
ЕСИ (Employment Services International)
ул. Костурски херои 62/1,1000 Скопје
T: +389 2 3246-899, Ф: +389 2 3246-897
[најави се за да го видиш е-маилот] , www.esi.mk

Сакаш да те препорачаме кај компаниите?

барај огласи за вработување » барај останати огласи »